СУПЕР ДОМАЌИН

Хотел Панорама, Крушево: Македонија

Krushevo
Цена од:

5,580.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за ноќевање со појадок за 2 лица и со вклучено користење на СПА центар изнесува 5.580 денари од ден
  • Цената може да биде повисока за празници и во ек на сезона
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi/TV
  • SPA
  • Туристичка такса
  • Оваа цена се однесува за соби од категорија на "двокреветна соба BB"

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Хотел Панорама, Крушево: Македонија.Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 62
Кревети : 26
Check In : 14:00
Check Out : 10:30
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух
СПА
Гастрономско

Хотел Панорама – Крушево

Локација
Хотел Панорама е сместување со 4 ѕвезди, лоциран во Крушево. Со модерна архитектура и елегантен ентериер, хотелот нуди прекрасен панорамски поглед кон околните пејзажи, додека густата шума во близина создава мирна и релаксирачка атмосфера. Хотелот е одличен избор за семејни одмори, бизнис патувања и истражување на Крушево и околината. Се наоѓа на само 600 метри од центарот на градот.

Сместување
Хотелот располага со вкупно 26 соби и апартмани, и тоа:

  • 18 двокреветни соби
  • 2 трокреветни соби
  • 6 апартмани

Сите сместувачки единици имаат импресивен панорамски поглед кон Крушево, освен еден Јуниор апартман кој има поглед кон шумата. Вкупниот капацитет на хотелот е 62 гости.

Опрема во собите
Сите соби се модерно опремени со:

  • сопствена бања
  • бесплатни тоалетни производи
  • фен за коса
  • гардеробер и полици
  • ТВ со кабелски канали
  • телефон
  • опремена тераса/балкон
  • бесплатен Wi-Fi во целиот хотел

Рецепција

  • Достапна 24/7

Check-in / Check-out

  • Check-in: 14:00 – 23:30
  • Check-out: 10:30 – 11:00

Спа и спортски содржини
Гостите имаат на располагање:

  • затворен базен
  • спа и велнес центар со различни видови масажи
  • сауна и џакузи
  • фитнес центар

Дополнителни услуги

  • Бесплатен паркинг за гостите
  • Конференциска сала (капацитет до 50 лица) за состаноци, семинари, обуки и тим-билдинг настани
  • Ресторан со врвна гастрономија и прекрасен поглед

Зимски бенефити
Во зимскиот период, гостите на хотелот имаат 50% попуст за користење на жичарницата и ски-лифтовите.

Домашни миленици
Домашни миленици не се дозволени.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Добрила Галева

    25.05.2026 09:51

    Многу љубезен и пријатен персонал.Вреди да се посети повторно

  • АНдреј Николовски

    31.05.2026 19:21

    zdravo jas sum ANdrej NIkolovski od Bitola imam zavrseno sredno ugostitelsko za kuvar imam diploma baram rabota za pomosnik kuvar

  • АНдреј Николовски

    31.05.2026 19:03

    здраво јас сум АНдреј Николовски од Битола имам завршено средно угостителско за кувар барам работа во хотелот за помошник кувар