Уникатни планински куќички во Гнилане
3,690.00 ден
Вклучено во цена:
- Минимална цена за наем на куќарка за 5 лица
- Цените варираат во зависнот од периодот, бројот на ноќи (Погледнете ги во опис)
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместување во Гнилане. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Комплексот се
наоѓа во околината на градот Гнилане во Косово, на час и половина со кола од
Скопје. За да стигнете до локацијата користете ја нашата мапа која се наоѓа
најдоле во описот. Домаќините кои управуваат со комплексот велат дека имаат на
располагање вкупно 6 куќарки со три различни концепти.
Првиот концепт е
за 5 лица, а другите два концепти/распореди се за по 9 лица. Секоја од куќичките
располага со опремена кујна, купатило/тоалет со опремени средства за хигиена и
крпи, централно греење, дополнителен шпорет на дрво, Wi-Fi, брачен кревет, еден единечен кревет, еден
кауч и фотелја.
Сместувањето има приватен
паркинг.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на
велосипеди.
Check in: 14:00
Check out: 12:00
Сместувањето нема
ресторан но има опција за достава на готова храна до самиот објект.
Доколку гостите сакаат да комунцираат на македонски подобро е да користат писмена комуникација со кирилично писмо за домаќините да може да направат превод.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Сања
26.07.2022 13:35
Да не ме сватите погрешно ама зборот “кошта” не постои во македонскиот јазик и би било убаво да го смените со “чини”. Преубав портал сте кој ја почитува и шири убавината на Македонија така да се надевам дека добронамерно ќе бидам сватена