НОВО
СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила Кожуфски: Вила на Кожуф со природен базен и околина која ги полни батериите

Gevgelija
Цена од:

3,075.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Вклучено во цена:

  • Цени за изнајмување на цела вила:
  • *Викенд (петок, сабота, недела)
  • 75 € од ноќ — до 4 лица
  • 100 € од ноќ — до 6 лица
  • 125 € од ноќ — до 8 лица
  • *Работна недела (понеделник – четврток)
  • 50 € од ноќ — до 4 лица
  • 75 € од ноќ — до 6 лица
  • 100 € од ноќ — до 8 лица
  • Важно:
  • Викенд резервации: минимум 2 ноќевања
  • Работна недела: можно и 1 ноќевање
  • За продолжени викенди, вилата се изнајмува на 3 ноќи.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (Доколку гостите немаат сопствен превоз, треба да имаат на ум дека Гевгелија е еден од градовите кој е добро поврзан со автобуски и железнички превоз и доколку одлучат да пристигнат до Гевгелија со воз или автобус, може да им се организира превоз до сместувањето и назад, со симболична доплата.
  • Храна не е вклучена во цената.

Вила Кожуфски: Вила на Кожуф со природен базен и околина која ги полни батериите. Вилата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. Цените во опис се фиксни цени за сезона 2026. Календарот со слободни термини автоматски се ажурира што можете да ги проверите сите слободни термини во моментот.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 4
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух
Дрвена Куќичка
Несекојдневно

Вила Кожуфски се наоѓа во туристичката населба „Смрдлива Вода“ на планината Кожуф, на околу 800 метри надморска височина. До вилата може да се пристигне директно со автомобил, а на располагање има приватен паркинг простор за повеќе возила.

Иако населбата го носи името „Смрдлива Вода“, многумина би ја нарекле и „Здрава Вода“, бидејќи токму овде извира една од најздравите минерални води во Македонија. Локалното име потекнува од природните сулфурни соединенија (водород сулфид), но местото е познато по чистиот воздух, кислородот и густата шума кои придонесуваат за вистинско природно закрепнување.

Туристичката населба е во развој и се очекува да стане една од најатрактивните планински дестинации во Македонија во годините што следат.

Локација

Координати: 41°11'29.1"N 22°17'01.2"E

Сместувачки капацитет

Вилата располага со:

  • 3 брачни кревети
  • 1 седмосед на развлекување (за 2 возрасни лица)

Распоред на просториите

Приземје 50m2:

  • 1 приватна спална соба со екстра простран брачен кревет (2 лица)
  • Дневен престој со седмосед на развлекување (2 лица)
  • Опремена кујна и трпезариска маса која се развлекува и се прилагодува за 8 лица.
  • Купатило со тоалет
  • Ходник

Поткровје (40m²):

  • 2 екстра пространи брачни кревети (4 лица)

Максимален капацитет

  • До 8 лица за ноќевање
  • Комотно може да се сместат 2 семејства со по 2 деца
  • Идеално за парови кои сакаат уживање и спокој во природа
  • Идеално за едно семејство со деца (за поголема приватност)

Опременост на вилата

Сместувањето е комплетно опремено за удобен престој.

Во собите и просториите има:

  • Пешкири за тело и лице (посебно за секој гостин)
  • Шампон и купка
  • Фен за коса
  • Пегла
  • Сталажи за облека
  • Завеси и квалитетни комарници на сите прозорци

Забава и комфор:

  • Билјард
  • Друштвени/социјални игри
  • Netflix на телевизор
  • HDMI поврзување со видеопроектор во поткровје за Netflix кино искуство
  • Телефизорот има смарт приклучот каде освен Netflix може да се гледа телевизија, Youtube..
  • Караоке звучник
  • Пространа надворешна трпезариска маса со 8 столчиња

 

Кујна

Вилата располага со комплетно опремена кујна, погодна и за подолг престој.

Опремена е со:

  • Фрижидер со замрзнувач
  • Електричен шпорет со рерна и рингли
  • Топла вода
  • Кафемат на капсули (гостите може да си донесат еспресо капсули)
  • Комплетен прибор за готвење
  • Садови за до 8 гости
  • Средства за хигиена

Интернет

Вилата располага со брз Wi-Fi интернет од T-Mobile, погоден за:

  • Работа од далечина (remote work)
  • Online состаноци
  • Продолжен престој на планина

Паркинг

Вилата располага со приватен паркинг простор за повеќе возила, достапен непосредно до објектот.

Греење и ладење

Летен период

Ладење не е потребно, бидејќи по 20:00 часот температурите се значително посвежи, па често е потребна блуза или дуксер.

Доколку е потребно, особено за семејства со мали деца, достапни се електрични грејни тела.

Зимски период

  • Камин на дрва
  • Електрични грејни тела

Што има во околината?

Природен базен и река

Пред вилата тече планинска река која создава природен базен со кристално чиста вода.

На располагање има:

  • Монтажни лежалки
  • Надворешни столчиња
  • Хамоци
  • Јога стапки

Звукот од реката се слуша постојано и создава чувство како надвор постојано да врне.

Простор за скара

Гостите имаат пристап до:

  • Скара
  • Ќумур
  • Додатна опрема

Природа и див свет

Вилата е опколена со:

  • Густа шума
  • Целосна тишина
  • Богат животински свет

Во раните утрински часови може да се забележат:

  • Елени
  • Срни
  • Верверички
  • Лисици
  • Зајаци

Во близина:

  • 5 минути пешачење: изворот на минералната вода
  • 5–10 минути пешачење: локални ресторани
  • 10 минути со автомобил: Ски центар Кожуф (моментално со ограничен пристап поради градежни активности)
  • 1 час и 30 минути пешачење: Брана Конско

Атракции во околината

  • Ски центар Кожуф (во фаза на реконструкција и повторно отворање)
  • Брана Конско
  • Дрвото „Гол Човек“ (вид Arbutus andrachne кој расте само на Кожуф)
  • Водопадот на Кожуф („Скокот“ / „Вера“) — околу 100 метри височина, еден од највисоките во Македонија
  • Извор на лековита минерална вода
  • Локална црква Св. Илија, изградена на карпа
  • Велосипедски рути од Смрдлива Вода до Брана Конско

Винарија Јостела

При враќање од Кожуф, гостите можат да ја посетат семејната винарија Јостела, каде со претходна резервација добиваат 20% попуст на дегустација.

Во каква област се наоѓа вилата?

Сместувањето се наоѓа до планинска река, опколено со густа шума и исклучително чист воздух.

Локалните жители често велат:

„1 секунда помината во оваа туристичка населба го продолжува животот за нови 10 секунди.“

Соседство

Населбата има пријателска и гостопримлива заедница, а соседите секогаш се подготвени да помогнат со:

  • Совети
  • Насоки
  • Локални информации

Check-in / Check-out

Check-in

Од 14:00 часот

Доколку нема гости претходната вечер, можно е рано утринско пристигнување за максимално искористување на денот.

Check-out

До 11:00 часот

Недела (викенд престој): одјавување до 20:00 часот, за гостите да можат целосно да уживаат во денот за одмор.

Клучеви

Клучот се подига од одговорни лица за сместувањето.

Промена на постелнина и пешкири

  • Се менуваат по 3 ноќевања
  • По барање може да се организира дополнителна промена
  • За гости кои сакаат приватност, резервна постелнина и пешкири може да бидат оставени во вилата

Домашни миленици

Не е дозволен престој со домашни миленици
Сместувањето не е Pet Friendly.

Простор за велосипеди

Вилата располага со:

  • Остава за велосипеди
  • Простор на тераса за безбедно оставање

Цени за престој

Викенд (петок, сабота, недела)

  • 75 € од ноќ — до 4 лица
  • 100 € од ноќ — до 6 лица
  • 125 € од ноќ — до 8 лица

Работна недела (понеделник – четврток)

  • 50 € од ноќ — до 4 лица
  • 75 € од ноќ — до 6 лица
  • 100 € од ноќ — до 8 лица

Важно:

  • Викенд резервации: минимум 2 ноќевања
  • Работна недела: можно и 1 ноќевање
  • За продолжени викенди, вилата се изнајмува на 3 ноќи. 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување