СУПЕР ДОМАЌИН

Вила со базен во близина на Гевгелија

Gevgelija
Цена од:

2,100.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем апартман за 2 лица од ноќ
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Цената за наем на цела вила за приватна забава од 300 евра
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi
  • Паркинг
  • ТВ
  • Опремена кујна
  • Пешкири
  • Отворен базен во летната сезона

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до објектот
  • Храна

Вилата се наоѓа во близина на Гевгелија на патот кон Смрдлива Вода. На само 2 километри од центарот на Гевгелија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 15
Кревети : 12
Check In : 13:00
Check Out : 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
За Забави

Вилата се наоѓа во близина на Гевгелија, на патот кон Смрдлива Вода, на само 2 километри од центарот на Гевгелија. Сместена е во мирна и зелена околина, надвор од градската гужва, што ја прави одличен избор за семејства и гости кои сакаат одмор во природа, а сепак да бидат во близина на градот.

Сместувачки капацитет

Објектот располага со повеќе сместувачки единици и може да прими од 12 до 15 гости.

  • Апартман со една спална соба – располага со три единечни кревети, со можност по потреба да се постави еден брачен и еден единечен кревет.
  • Апартман со две спални соби – во едната спална соба има брачен кревет, додека во другата има брачен и еден единечен кревет. Апартманот располага и со дневна соба со трпезарија.
  • Соба на приземје – располага со три единечни кревети, со можност за еден брачен и еден единечен кревет.
  • Соба на вториот кат – располага со еден брачен и еден единечен кревет.
  • По потреба, на располагање е и креветче за мало дете.

Опременост

Кујната е опремена со основните потреби за престој и подготовка на храна, вклучувајќи шпорет, фрижидер и прибор за готвење и јадење.

Во сите апартмани има Wi-Fi интернет.

За гостите е обезбеден паркинг во дворот на објектот.

Простор за одмор и активности

Една од најголемите предности на вилата е пространиот двор со многу зеленило и природа. Околината е мирна и тивка, без градска бучава, што овозможува целосно опуштање и уживање во природата.

Дворот нуди простор за спорт и рекреација, користење на базен, трчање и активности на отворено, како и безбедна игра за деца. Пространиот и рамен двор е особено погоден за семејства со деца.

Околина

Вилата се наоѓа во мирна област надвор од градот. Соседните објекти се на доволна дистанца, што обезбедува приватност, спокој и тишина за време на престојот.

Пријавување и одјавување

  • Пријавување: од 13:00 часот. Доколку објектот е слободен порано, можно е пријавување и пред предвидениот термин, во договор со домаќините.
  • Одјавување: до 12:00 часот.

Клучот се подига директно од сопствениците, кои ги пречекуваат гостите пред вилата и ги запознаваат со објектот и околината.

Постелнина и пешкири

За гостите кои престојуваат подолго, односно 7 до 10 дена или повеќе, се обезбедува промена на постелнината и пешкирите.

Објектот е особено погоден за семејства со деца, благодарение на пространиот двор, мирната околина, зеленилото и можностите за игра и рекреација.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Dimitar Klashneev

    23.06.2025 20:19

    Ми треба апартман со 2 спални соби, со брачни кревети, во кој од едната да има и единечни кревет за дете.

  • Мелита Чаушоска

    11.08.2022 16:22

    Дали имате слободен термин за изнајмување на цела вила од 9.09 до 11.09? Ви благодарам

  • Димитар Тримчевски

    26.06.2022 13:09

    Дали има терен за кошарка во близина на вилата ?

  • Lina M

    06.08.2021 13:14

    Најлошо искуство!!! Недела дена пред резервација, случано дознаваме дека вилата е резервирана на други. Страшно!! Ваква непрофесионалнот немам видено!

  • Matea Manasievska

    06.08.2021 13:11

    Најнепрофесионално искуство. Никогаш повеќе. Резервирано пред скоро 2 месеци за една недела пред настанот девојачка, да кажат дека ја издале на други. Прашавме за капар, не сакаа. Ја смени цената која ја пишува кај вас, стара била таа цена не сум требала да гледам таму - и за тоа се сложивме. Не ми се ни јавиа да откажат, да не се јавевме денеска ќе отидевме и немаше да имаме сместување. УЖАС.

  • Марјан Костов

    29.07.2021 08:26

    Дали имате слободно за 2 возрасни и 1 дете (6 год.) за период од 31/07 до 02/08 2021?

  • Марјан Костов

    28.07.2021 23:15

    Ме интересира дали имате слободен апартман за 2 возрасни лица и едно 6 годишно дете за периодот од 31 /07 до 02/08 2021?