Апартмани во Маврово
4,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за едно ноќевање 4.500 денари
- Цените варираат во зависност од сезоната
- Wi-Fi
- Паркинг
- Греење
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Опис на апартманите
Сместувањето располага со два модерно опремени апартмани, идеални за престој на семејства и помали групи до четири лица.
Распоред и опременост
Прв апартман: располага со брачен кревет, тросед, двосед на спуштање и машина за перење и сушење алишта.
Втор апартман: располага со брачен кревет и тросед на спуштање.
Двата апартмани имаат отворен концепт, без посебно одвоени спални соби. Кујните се целосно опремени и овозможуваат подготовка на оброци за време на престојот.
Дополнителни содржини
На гостите им се достапни:
Бесплатен Wi-Fi интернет
Паркинг
Комплетно опремени кујни
Машина за перење и сушење алишта во првиот апартман
Локација и активности
Апартманите се наоѓаат во планинска околина, непосредно покрај шума, на само 200 метри од ски-центарот.
Локацијата е одлична за љубителите на активниот одмор во природа. Во зависност од сезоната, ви препорачуваме:
Скијање
Планинарење
Спортови на вода
Пријавување и одјавување
Check-in: од 12:00 часот
Check-out: до 10:30 часот
Сместување и одржување
Овластено лице задолжено за одржување на апартманите ги пречекува и сместува гостите.
Чистењето на апартманите е вклучено во цената доколку престојот трае подолго од една недела.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Vladimir Krstic
22.07.2024 10:14
Bi ve zamolil Cena od 02.08 do 04.08 dve nokevanja za trocleno semejstvo
-
Ivan
29.10.2021 17:27
Po lice e cenava ili za dvajca