Вила во село Битуше
800.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена по лице од ноќевање
- Кујна
- Купатило/тоалет
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Трансфер до сместувањето
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Ова мошне интересно село според својата местоположба и развиток се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, чиј атар се издига на источната падина на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Тоа е сместено во кањонскиот дел на реката Радика, од нејзината десна страна. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 954 метри.
Селото е сместено на повисока тераса, под врвот Крчин.Оддалечено е 35 километри југозападно од Маврово и 20 километри северно од Дебар. Самото село е целосно сместено во атарот на националниот парк „Маврово“.
Сместувачкиот капацитет се наоѓа во с.Битуше и располага со 3 соби, од кои две се опремени со 4 кревети (1 кревет на спрат и два одделни кревети,кои согласно потребите може да се спојат во брачен кревет).Третата соба е опремена со 4 поединечни кревети кои можат да се пренаменат во брачни. Во моментов нема wi-fi и приватен паркинг.Максималниот сместувачки капацитет е 9 особи, а објектот располага со една заедничка кујна,заеднички дел за дневен престој и санитарен чвор.Кујната е комплетно опремена со фрижидер,шпорет и потребен прибор за готвење и јадење,кои им се во целост на располагање на посетителите.Постелнините и пешкирите се менуваат на секои 3 дена, пријавувањето на гостите е после 13 часот,додека напуштањето на собите е најдоцна до 11 часот.
Во непосредна близина на објектот се наоѓа манастирот “ Св.Јован Бигорски”, водопадот “Дуф”,Дебарско езеро и женскиот манастир “Рајчица”.Во селото Битуше има повеќе знаменитости кои можат да бидат интересни за посетителите,меѓу кои црквата “Св.Илија”, “Св.Архангел Михаил”, “Св. Спас”, манастирскиот скит од “Св.Јован Бигорски”- Св. Кирил и Методиј,како и повеќе селски чешми со ладна и питка вода.Во селото се наоѓа и првата македонска печатница.
За љубителите на планинарење на располагање е планинарската атракција- врвот “Крчин” со 2350 м., “Вели врв” и езерата “Локув”, а за љубителите на риболовот, на само неколку километри од селото се наоѓа и познатата река Радика.
Клучот на вилата се зема и се враќа кај сопственикот.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Дејан Трајковски
23.08.2022 15:50
Здраво Јоцо, пробувам да те добијам на мобилниот ама нон стоп ме исфрлува. Минатата година бев на кратка посета во Битуше кај тебе и ми го даде бројот за случај ако ми треба резервација за сместување. Ако си во можност заѕвони ми на 070 244858 Дејан, да се слушнеме. Поздрав и само за убаво… од Огненовци