Вила на 2 минути пешачење од езерото: Маврово
4,292.00 ден
Вклучено во цена:
- Најниска цена за наем на еден дел од вилата
- Цената на вилата се движи од 70 евра до 120 евра големината на групата и бројот на ноќевања
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевањата
- Греење
- Wi-Fi
- Паринг
- ТВ
- Дозволен влез за домашни миленичиња
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до вилата
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Во вилата може да се сместат 15 лица. Располага со голема просторија (галерија) во која има три кревети на спрат и дел во кој може да одмарате и да се забавувате. Има две спални соби, две купатила и дневна опремена со кујна.
Во спалните соби има брачен кревет и еден помошен.
Вилата е поделена во 2 дела, има можност да се изнајми едниот или другиот дел.
Вилата се наоѓа на 2 минути пешачење од езерото. Располага со двор во кој има скара. Таа
има прекрасен поглед кон планината. Одалечена е 400 метри од ски центарот и
располага со приватен паркинг. Она што треба да го знаете за престојната
пролетна и летна сезона е тоа дека недалеку од објектот имате можност за
изнајмување на велосипеди. Самиот двор на вилата е доста рустикале и зелен каде гостите во текот на летниот период може да уживаат во прекрасната природа и да се полнат со позитивна енергија.
Покрај
велосипедизмот, Мавроро е одлично за планинарење и пешачење, риболов и скијање
до крај на сезоната.
Вилата
располага со бесплатен Wi-Fi. За љубителите на домашни миленичиња, она што нашиот тим
се радува да ви го соопшти е фактот дека сопствениците дозволуваат влез на
домашни миленичиња.
Сместувањето е
од 15:00
до полноќ
Одјавувањето е од: 08:00 до 10:00
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Katerina Trajanova
09.09.2021 19:58
Domakinite mnogu gostoprimlivi I usluzlivi lokacijata preubava, prirodata naokolu ve ostava bez zborovi... Definitivno ke ja posetime pak