СУПЕР ДОМАЌИН

Сместување во Галичка куќа

Mavrovo
Цена од:

1,500.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цените се движат од 1.500 до 3.000 по соба во зависност од периодот и времетраење на престојот
  • Греење
  • Јавен паркинг
  • Простран двор

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместување и апартмани на Галичник. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 8
Beds : 8
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Pet Friendly

Планинска куќа во Галичник

Сместување и капацитет

Куќата располага со две соби, а во секоја од нив има еден брачен и два единечни кревети. Собите се опремени со плакар и радио систем.

Куќата има опремена кујна и максимален капацитет за до 8 лица, со можност за дополнителен монтажен кревет во кујната.

Локација и природа

Сместувањето се наоѓа на падините на планината во Галичник, опкружено со викендички, прекрасна планина и живописни пејсажи. Локацијата е мирна и погодна за одмор, а по договор со сопственикот постои можност повремено да се организира и веселба.

Паркинг

Поради планинската локација, нема приватен паркинг директно до куќата. Возилото може да се остави на паркинг во средината на селото или пред старата кафана, на околу 2 минути пешачење од куќата.

Пријавување и одјавување

Check-in и check-out се организираат во договор со сопственикот. Доколку нема најавени нови гости, можно е гостите да останат подолго, по претходен договор.

Клучот се подига од сопственикот во Скопје или од локалната продавничка во Галичник.

Дополнителни удобности

Куќата нема Wi-Fi, но располага со опремена кујна и двор. Во дворот може да се остават велосипеди.

Доколку престојот трае подолго од 7 дена, се менуваат постелнината и пешкирите.

Домашните миленици се дозволени.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Огненка Герасимовска-Димитровска

    07.07.2024 13:41

    Здраво, Дали е слободна вилата за следниот викенд, од 12-14 јули? Поздрав