Сместување Маврово: Aпартман идеален за пар
3,000.00 mkd
Вклучено во цена:
- 3.000 денари е зимската цена за наем на апартманот за едно ноќевање
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење
- TV/Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартманот се наоѓа во комплексот кој е непосредно до ски стазите и жичарницата. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Планински апартман со поглед кон езерото
Сместување и капацитет
Апартманот располага со дневна просторија со брачен кревет и аголна гарнитура, кујна со трпезариска маса, купатило со тоалет и тераса.
Максималниот капацитет е 2 возрасни лица и едно дете.
Кујна и удобности
Кујната е целосно опремена и располага со фрижидер, микробранова печка, машина за садови, електричен бокал, плотна со две рингли и бебешко столче.
Апартманот има Wi-Fi и Netflix, што го прави погоден и за подолг престој и релаксирање по ден поминат во планина.
Локација и поглед
Апартманот се наоѓа во планинска област, со прекрасен поглед кон езерото. Во непосредна близина се наоѓаат ски центарот и рестораните, што овозможува лесен пристап до активностите и услугите во околината.
Паркинг
На располагање има паркинг веднаш до зградата.
Пријавување и одјавување
Check-in: 13:00 часот
Check-out: 11:00 часот
Клучот се подига од лице задолжено за прием на гостите.
Дополнителни информации
Домашни миленици не се дозволени.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Borche Mirchevski
15.02.2026 00:00
-
Marija
12.12.2024 15:29
Zdravo , dali e slobodno za 31.12
-
Martin Uzunov
07.12.2024 02:51
Dobrk vecer dali ima nesto slobodno za 4lica vo period od 31.12 do 02.01 ili 03.01
-
Irina Delovski
21.09.2024 15:37
Zdravo dali imate slobodno od 10.10do 13.10 ? I koja vi e cenata
-
Марија
30.01.2023 14:28
Апартманот е одличен, сопствениците се многу професионални и веднаш одговараат. Многу препораки!