Мавровски регион

Вила Ризанди: Маврово

Вила Ризанди: Маврово

Мавровски регион Цена од:

6,150.00 ден

Разговарај на Viber

Вилата Ризанди се наоѓа во населбата Маврови Анови, во неа има три соби за спиење, една дневна соба со опремена кујна, греењето е централно со систем преку каминот.

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на вила (Генерирана)
  • Цената варира
  • Греење
  • Wi-Fi
  • ТВ
  • Приватен паркинг
  • Машина за алишта

Не e вклучено во цена:

  • Транспорт до вилата
  • Храна

Вилата Ризанди се наоѓа во населбата Маврови Анови, во неа има три соби за спиење, една дневна соба со опремена кујна, греењето е централно со систем преку каминот. Предноста на вилата е што располага со прекрасен погед кон Мавровско езеро, а има и прекрасен двор каде се наоѓа скара за гостите. Во вилата може да се сместат околу 8-10 лица. 

Опремена е со Wi-Fi. Има приватен паркинг. 

Има внатрешен камин. Опремена кујна со сите прибори за подготвување храна. 

За гостите на подолг период, вилата располага и со машина за алишта и пегла. 

Кујната е опремена со фрижидер, замрзнувач, машина за перење садови, микробранова и електичен шпорет. 

Вилата е привлечна поради прекрасниот поглед кон езерото, пространиот двор, близината на ски центарот. На 500 метри има продавници и ресторани кои работат во текот на цела година, амбуланта, аптека и бензинска пумпа. Покрај мавровското езеро, на 150 метри се наоѓа врбенски пат, а реката Радика е на околу 7 километри. 

Вилата дозволува влез на домашни миленици доколку сопствениците на истите преземат одговорност за настанатата штета. 

Вилата има простор за оставање велосипеди.



Check in: 14:00 часот
Check out: 11:00 часот

Гостите ги сместува домаќинот кој ги чека на бенсинската пумпа на Макпетрол на самиот влез од Маврови Анови. 

Гостите може да ја изнајмат и цела куќа за 100 евра од ноќ.


Контакт за резервации: 071323666



Остави Коментар