Планинарски дом во Жировница
600.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена по лице (Зимски период)
- 500 денари (летен период)
- Парно греење
- Топла вода
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
- Wi-Fi
- Паркинг преку зима (дел за пешачење)
Планинарски дом во Жировница. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Домот се наоѓа на 700 метри од село Жировница, со поглед кон
Бистра планина. Огромен тревен двор и фасада од дрво и камен,
Домот располага со 3 соби каде се распоредени двоспратни
кревет и три купатила од кои 2 се комплетно опремени а еден е за туширање.
Објектот има заедничка дневна соба со кујна, а исто така и домот располага со
централно парно греење.
Домот има заедничка кујна која е целосно опремена.
Објектот нема Wi-Fi, а ТВ има во дневниот престој.
Преку лето има паркинг пред самиот дом, додека на зима треба
дел да се пропешачи за да се стигне до домот. (околу 15-20 минути пешачење)
Капацитетот на домот е со 18 легла кои се распоредени во три
соби.
Во едната соба има три двоспратни кревет, во дтугата има два двоспратни и во
третата има четири двоспратни.
Во околината има можност за планинарење и исачување на
врвови кои се над 2000 метри.
На 6 километри се наоѓа Манастирот Св. Јован Бигорски.
Check in: Во договор со домаќинот
Check out: Во договор со домаќинот
Во домот не е дозволено влез на домашни миленици, а домот има простор за остава на велосипеди. Клучот се подига од самиот објект при пристигнување.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Зорица Стојанова
12.01.2022 10:09
Прекрасно сместување за сите љубители на природата и приватноста. Чичко Ирфан (домакинот) топол, насмеан лик со огромна желба да угоди на гостите. Ризница од човек. Приказни, дружби.