Вила во Суви Лаки, Берово – Луксузно планинско прибежиште со камин, приватни тераси, летна кујна и поглед кон шума
8,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената од ноќ е 8000 денари без разлика дали би ја изнајмиле 2 или 7 лица
- Сместувањето може да се резервира на минимум 2 ноќевања
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вила во Суви Лаки, Берово – Луксузно планинско прибежиште со камин, приватни тераси, летна кујна и поглед кон шума. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Опис на сместувањето
Уникатна планинска вила во Суви Лаки, Берово, сместена на
1.080 метри надморска височина, опкружена со дабови, букови и борови шуми.
Вилата нуди приватност, удобност и одлични услови за семеен
одмор, романтичен викенд, дружење со пријатели или подолгорочен престој во
природа.
Посебна карактеристика на сместувањето се трите спални соби
со поглед кон планината, каминот на дрва, целосно опремените внатрешна и
надворешна кујна, како и просторот за седење и подготовка на храна во сите
временски услови.
Капацитет и распоред на собите
- Капацитет:
5–7 гости
- Спални
соби: 3
- Брачни
кревети: 2
- Единечни
кревети: 1 во третата спална соба
- Дополнителни
места за спиење: 2 софи во дневната соба
- Бебешко
креветче: Да
Сите спални соби се опремени со квалитетни душеци, греење,
целосна термоизолација и звучна изолација.
Секоја соба има различен поглед кон околните планински
предели.
Кујна и простор за подготовка на храна
Вилата располага со неколку простори за готвење и уживање во
храна:
- Комплетно
опремена внатрешна кујна
- Плинска
скара Weber на терасата
- Надворешна
кујна
- Традиционална
фурна на дрва
- Надворешна
скара на дрва
- Покриен
простор за седење, заштитен од дожд и снег
Надворешниот простор овозможува организирање семејни ручеци,
вечери и дружења во природа.
Опременост и удобности
- Бесплатен
Wi-Fi
- Приватен
паркинг за 5 возила
- Централно
греење на пелети
- Инвертер
клима
- Камин
на огревни дрва
- Термо
и звучна изолација
- Простор
за безбедно оставање велосипеди
- Дозволен
престој со домашни миленици
- Можност
за подолгорочен престој
- Постелнина
и пешкири со замена по барање на гостите
Локација и околина
Вилата се наоѓа во Суви Лаки, Берово, на 1.080 метри
надморска височина, во планинска средина со мешано влијание на медитеранска
и континентална клима.
Областа е позната по богатата шумска вегетација, свежиот
планински воздух и можностите за рекреација во природа.
Во околината гостите можат да уживаат во пешачење,
планинарење, истражување шумски патеки и посета на природни знаменитости.
Можности за посета и активности:
- Пешачење
до врвот Огражденец
- Посета
на водопади во околината
- Планинарење
до врвот Петлец, поврзан со историскиот настан на загинувањето на
револуционерот Даме Груев
- Истражување
на околните дабови, букови и борови шуми
Дополнителни активности со доплата и претходна
резервација:
- Организирани
off-road тури со теренски возила
- Off-road
возење со ATV возила
- Организиран
ручек во Безгаштево
- Излети
и авантуристички активности по околните шумски патеки
Пријавување и одјавување
- Check-in:
Од 14:00 часот
- Check-out:
До 11:00 часот
- Late
check-out: Можен со претходен договор со сопствениците
- Предавање
на клучеви: Лично од претставник на сместувањето
- Домашни
миленици: Дозволени
- Минимален
престој: 2 ноќевања
- Резервации:
Со претходно писмено или електронско барање
ЛОКАЦИЈА