Прекрасни апартмани на Беровско Езеро: Берово

Berovo
Цена од:

750.00 ден

Вклучено во цена:

  • Најниска цена по лице од ноќевање
  • Цената во сезона се движи и до 2500 денари од ноќевање за 2 лица
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • Паркинг
  • Wi-Fi
  • ТВ со каблвска

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартманите се наоѓаат на Беровско Езеро. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 18
Кревети : 18
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Апартманите се наоѓаат во планинскиот источен дел на Македонија, со поглед кон Беровското Езеро. Природа и околината што го одзема здивот. Вилата нуди извонреден поглед и моменти за уживање.

Вилата располага со две двокреветни соби (една со брачен кревет и една со два кревети), две студиа (брачен кревет плус двосед на преклоп и чајна кујна) и два апартмани (брачен кревет плус тросед во дневен престој и кујна) и плус заедничка просторија за околу дваесетина лица со комплетна кујна и летниковец со скара на плин и скара на дрва и двор за деца со детска куќичка и лулашки.

Сите соби се со WC, интернет, ТВ, тераси (освен собата со брачен кревет) а студијата и апартманите имаат и чајни кујни

Вилата има бесплатен wi-fi во целиот објект и кабловска телевизија.Таа располага со приватен паркинг пред самата вила.

Капацитетот е со 18 легла. Вилата е во непосредна близина на Беровско езеро и е опколена со борова шума.

Активности кои може да ги правите во околината на вилата се: Пешачење, велосипедизам, возење со мотори, риболов, берење на шумски плодови (во зависност од годишното време), кајакарење. Пред самата вила започнува и завршува пешачката патека покрај езерото, веднаш над вилата има прекрасна борова шума и убав видик.

Соседстдвото е доста мирно со уште неколко вили.

Сместувањето e по 14:00 часот.
Одјавувањето е до 11:00 часот. 

Не е дозволен влез на домашни миленичиња.
Гостите се сместуваат со шифра која ја добиваат при пристигање. 
Постелнината и пешкирите се менуваат на секои четири дена. 

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Blagica kostadinovska

    05.07.2024 17:46

    Sakam da prasam dali e taa suma sto pisuva 750 denari i kontakt ako moze

  • Gavrilova Snezana

    26.07.2022 21:43

    Mi treba za edno nokevanje 8 sobi za 16 vozrasni osobi,na 03.09.22 do 04.09.22.Koja vi e cenata.Kolku ke me kosta, vo taj period.

  • Jilija Mitreva do mslo detsod 4 hofinki

    09.07.2021 07:13

    Bsrsm ednokrevetna soba