Селска викендица за целосна приватност
2,600.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за 2 лица во сместувањето 3,000.00 ден
- Цена за 3 лица во сместувањето 3,500.00 ден
- Цена за 4 лица во сместувањето 4,000.00 ден
- Цена за 5 лица во сместувањето 4,500.00 ден
- Цена за 6 лица во сместувањето 5,000.00 ден
- Цена за 7 лица во сместувањето 5,500.00 ден
- Цената може да варира и да биде повисока за празници и сезона
- Греење/Ладење
- TV
- Сезонски базен
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Викендица во Драгоманце. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
За оние кои
бараат приватност и уживање во спокојот, преку Кајак.мк може да ја резервираат
ова нова викендица, која е нова градба и со нов ентериер.
Вилата се наоѓа
во близина на реката Пчиња и езерото Драгоманче, во близина на Кокино, музејот
на АСНОМ и во недопрена природа.
Викендицата
располага со 4 соби, 4 кревети, од кои има брачени и поединечни кревети.
Викендицата има
целосно опремена кујна.
Вилата нема Wi-Fi.
Вилата има привтен
паркинг.
Максимален
капацитет е за 7 лица.
Во околината има
река и езеро, а недалеку се и мегалитската опсерваторија Кокино, Пелинце, АСНОМ,
меморијален центар.
Сместувањето се
наоѓа во природна околина.
Соседството е мирно.
Check in: 11:30-23:00 часот
Check out: 10:00-11:00 часот
Клучот се подига
од домаќинот.
Постелнината се
менува на 3 дена.
Сместувањето
дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има
простор за остава на велосипеди.
Вкупен број на
кревети: 4 кревети.
Греење/Ладење:
Климатизер/ греење на цврсто гориво.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Сандра Петровска
16.12.2024 16:54
Се е направено со мерак и многу љубов. Вилата е пречиста и преубаво уредена, ги има сите потребни елементи, огромен двор, паркинг.Околината е мирна така да уживавме во црцорењето на птиците и чистиот воздух. Секоја пофалба за домаќините !!! Вреди да се посети
-
Никола Василевски
27.08.2024 08:53
Прекрасна вила, преубав двор, БЕСПРЕКОРНО ЧИСТА! Престојувавме 4 дена, викендицата има се што е потребно за живеење, не само за викенд. Домаќинете се прекрасни луѓе кои ни излегоа во пресрет за се што требаше. Околината е мирна, далеку од секаква бука и галама. Дворот е вистински рај, базенот е плус, за разладување (водата во базенот е кристално чиста, филтрирана, сменета). Приватен паркинг во самата вила. Дворот излегува на реката Пчиња, има кеј за прошетка на самата река. Чистотата внатре и во дворот е нешто што мора да се напомене, се чувствувате како да се сте први луѓе кои престојуваат. :) Се на се' 10/10. Идеално за луѓе кои сакаат мир, далеку од градскиот метеж.