СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Дрвена брвнара во Стрезовце

Kumanovo
Цена од:

3,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • 3000 денари: Минимална цена за две лица наем на објектот за 2 лица
  • 3500 денари: Минимална цена за 3 лица за наем на објектот
  • 4000 денари: Минимална цена за четири лица во објектот
  • 5000 денари: Минимална цена за 5 до 7 лица во објектот
  • 6000 денари: Минимална цена за од 8 до 10 лица во објектот
  • Цената варира во зависност од бројот на ноќевања, период и број на лица
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркиг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Дрвена куќичка за изнајмување. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 10
Кревети : 6
Check In : 12:30
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Дрвена брвнара во село Стрезовце достапна за изнајмување

Брвнарата има 2 спални соби, и во двете има по еден екстра голем брачен кревет и еден поединечен, во дневната соба има 2 троседа кои се пуштаат за спиење комотни се за 2ца на еден тросед

Спалните соби се опремени со плакар за алишта и остава за дополнителна постелина, брвнарата е опремена со сателитска тв, смарт тв, интернет, камин за греење на дрва, ел.шпорет, голем фрижидер, комплет опремено WC со туш кабина, фен за коса, (паста и четка за заби доколку биде побарано) има и надворешно WC но без туш кабина.

Веднаш до самата брвнара има комплет опремен летниковец со скара, со клупи и голема маса за 10 луѓе, со чешма комплет садови, чаши и останат прибор за јадење, со ел.шпорет , голем фрижидер за ладење поголема количина на пијалоци ( зачини, масло, оцет, кафе, тоалет , паста и четка за заби се Бесплатни)

Има 2 кујни една во склоп на киќичката и една летна кујна во самиот летниковец комплет опремени со се.

Имa Wi-Fi.

Има приватен паркинг за 4 возила

Максималниот капацитет е 10 луѓе

Check in: По 12:30

Check out: 11:00

На гостите кои не го познаваат овој крај ќе им биде кажано што и каде може да посетат во нивна режија

Објектот дозволува влез на домашни миленици. Простор за оставање на велосипеди има во внатрешноста на летниковецот и истиот се заклучува


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Даниела Димовска

    28.04.2023 22:56

    Преубава брвнара со голем двор, топла, чиста, уредна и опремена со се што ви е потребно. Уживавме во мир и тишина неколку дена со нашето кученце. Штета што немавме повеќе слободни денови. Секоја чест за домаќинот Стефан културен и љубезен. Следна прилика и повторно сме таму...