СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Викендица Јованов Ресиденс: Матка

Skopje
Цена од:

3,890.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената за една ноќ во Јованов Ресиденс е 60 евра во минимум варијанта за Две особи.
  • Со секоја наредна особа цената расте за 10 евра.
  • Куќата се изнајмува на минимум 2 ноќевања
  • Се издава комплетно целата куќа со двор
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до куќата
  • Храна

Викендица Јованов Ресиденс: Матка. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Куќата се наоѓа во населена област, подобро позната како Викенд населба Матка, во зачетокот на самиот Кањон, многу блиску до реката Треска со фрлен поглед целосно кон планината Водно.

Куќата располага со три спални соби (2 спрат), од кој две со брачен кревет (double) и третата еднокреветна (single) за едно лице.

Исто така на долниот спрат се наоѓа дневна соба + кујна каде што може да се сместат 1+1 лице на самиот кауч кој што се развлекува.

Има две купатила со туш кабина и на долниот и на горниот спрат.

Дневната соба дополнително располага со клима уред (inverter) и камин.

Смештајот нуди пешкирчиња, постелнина, средства за хигиена, како и опремена и функционална кујна.

Куќата располага со интернет (wireless) како и смарт тв + Нетфликс и аудио систем со bluethoot.

Има Wi-Fi. Конекцијата е доста солидна.

Приватен паркинг нема, но има можност за паркинг на самата главна улица кој што е на 40 метри од куќа. *(има можност да се влезе со колата до самата куќа за да се растовараат гостите, но не и да се остане)

Максималниот комотен капацитет е 6 луѓе.

Куќата е поставена изолирано од други куќи и е распослана помеѓу природа. Самиот поглед од куќата е насочен директно во ПЛАНИНАТА ВОДНО, реката ТРЕСКА е на 40 метри подолу со пристап од самата куќа до неа.

Соседството е мирно, просторот околу куќата е интимен а најблиската населена куќа е на 15 метри. Единствен постојан глас кој што се слуша е оној на самата река и птиците.

Check in: 13:00 часот попладне до 22:00 часот

Check out: До 11:00 часот наутро.

Клучот при прием им го дава сопственикот на куќата или пак по договор го подигнуваат на соодветно место самите гости.

Секое сместување подолго од 7 дена предвидува промена на постелнина и пешкири и други неопходни за претстој намирници.

Се издава комплетно целата куќа со двор, куќата се издава на минимум 2 ноќи.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има соодветен паркинг за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување