Дрвена вила во Борова шума на Пониква
10,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената за едно ноќевање во зимски период е околу 9500 денари
- Цената за изнајмување на вилата во работни денови е пониска
- Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и од периодот
- Греење
- Приватен паркинг
- Wi-Fi
- Топла вода
- ТВ
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до вилата
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
За оние кои бараат вили за изнајмување, а во кои ќе уживаат во приватноста, ова вила е една од подобрите опции. Вилата се наоѓа на околу 50 метри од манстирот Св. Васиљ. Вилата располага со една дневна соба, трпезарија и кујна. Куќата има едно купатило и три спални соби. Спалните соби се опремени со двоен лежај. Во дворот на вилата има и скара.
Вилата располага со Wi-Fi. Кујната е опремена со шпорет на плин, рерна на струја, фрижидер, скара на струја, тостер и апарат за нес кафе. Комплетен прибор за јадење и готвење. До самата вила се пристигнува по асфалтен пат, а вилата има и приватен паркинг. Она што е особено убаво за време на престојот е зајдисонцето, од која вила можете да го набљудувате секојдневно.
Зборувавме дека ова вила е особено иделана за луѓето кои бараат интимност, па би сакале да се надоврзиме на фактот дека објектот е опколен со борова шума, а останатите објекти се на поголемо растојание. Во околината има пешачки патеки и ски лифт.
Сместувањето во вилата е по 14 часот, а напуштањето е од 10:00 до 11:00 часот. Клучот се подига од Скопје, но доколку гостите не се од Скопје, сопствениците ги чекаат патниците пред самата вила.
Вилата е оперемена со пешкири кои им се на располагање на гостите доколку останат повеќе дена, исто така има и чиста постелнина доколку гостите останат подолго време и имаат потреба да ја променат.
Влез на домашни миленици не е дозволен.
Вилата има простор каде би можеле да се сместат велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Teodora Andovska
12.12.2024 14:07
Zdravo, dali e slobodno od 30.12 do 02.01 za cetvorica i koja e cenata ?
-
Marija n
02.12.2024 18:45
Dali kma slob.od 02 do 05 jan. Za 6 voz i 6 deca
-
Petar Iliev
12.11.2024 20:41
Zdravo, sakam da prasam dali e slobodno od 31 dekemvri do 1 vi januari i koja cena e od nokjevanje?
-
Zaklina Krsteva
29.01.2024 22:45
Nie sme so Mali decinjata sakam da e toplo
-
Sandra trpeska
15.01.2024 09:19
Zdravo sakav da ve prasam dali ima slobodno za sredina na februari za dvajca vozrasni i dve mali deca .I cena kolku e od vecer pozz
-
Klara Kostova
10.09.2022 21:18
Zdravo, Sakam da prasam dali e slobodna vilata za Nova Godina i koja e cenata za dve nokevanja. Pozdrav