Вила Флора

Ohrid
Цена од:

550.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена по лице од ноќевање (минимум 2 лица)
  • Wi-fi
  • Паркинг пред вилата
  • Флексибилно сместување

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна за време на престојот

Вила Флора е лоцирана во западниот дел на Охрид, во населбата Далјан на 100 метри од брегот на охридско езеро. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 41
Кревети : 41
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Вила Флора е вила лоцирана во западниот дел на Охрид, во населбата Далјан, на 100 метри од брегот на Охридското Езеро. Лицето на вилата е свртено кон инсток и предните соби се со поглед на Самоиловата тврдина, а ентериерот е украсен со многу антиквитети и сувенири карактеристични за Македонија. Се наоѓа на 15 минути пеш од самиот центар на градот и на 100 метри од самата плажа на езерото. Со тоа на своите гости Вила Флора им овозможува пријатен и удобен одмор без потреба за размуслување за било каков превоз. На своите гости исто така им стои на располагање и летната бавча со прекрасно уредениот двор преполн со разновидна флора која пак воедно е и заштитен знак на вилата, по која пак го добила своето име. Исто така Вила Флора на своите гости им нуди мини кујна во самиот двор.  

 
Вила Флора нуди 12 студија.
Студијата се убаво уредени и нудат пријатна и тивка атмосфера за престој.
Секоја од собите располага со сопствено купатило, ТВ приемник приклучен на кабелска телевизија, интернет приклучок како и мини фрижидер. Сите соби на вилата се распоредени во два влеза на три ката.
Вила Флора располага со 12 студија од кои 8 се 3-креветни и 4 се 2-креветни.
Термин за сместување 12 часот, а одјавување 10 часот.
Клучот се подига во самата вила.
Постелнина и пешкири се менуваат доколку гостинот е на подолг период.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Кристијан Гиевски

    18.07.2024 16:36

    Поздрав дали имате слободно за 4рица од 28 јули до 3 август? И цена ако може студенти сме?