СУПЕР ДОМАЌИН

Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро

Ohrid
Цена од:

2,500.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цените на апартманите се пресметуваат по ноќевање (независно од бројот на лица кои ќе бидат сместени (но секако до максималниот број предвиден за тој апартман) и се движат од 2.500 денари па нагоре , во зависност од типот на апартман и терминот на кој се однесува резервацијата
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Доколку сакате да резервирате апартман. Испратете барање за резервација, по испратеното барање ќе добиете подврда со вкупна цена на мејл, а потоа можете да потврдите. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 23
Beds : 23
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Pet Friendly

За сместувањето

Сместувањето се наоѓа над автокампот Елешец, на патот кон селото Елшани, во мирна и тивка околина која нуди идеални услови за одмор и релаксација.

Располага со 4 посебни објекти во кои се сместени вкупно 5 сместувачки единици:

  • 4 студија
  • 1 фамилијарен апартман со две спални соби, дневна соба, комплетно опремена кујна и приватно купатило.

Максималниот капацитет е 23 гости.

Опременост

Секоја сместувачка единица располага со:

  • комплетно опремена кујна
  • приватно купатило
  • телевизор
  • бесплатен Wi-Fi интернет
  • сопствен балкон
  • сопствено дворче
  • бесплатен приватен паркинг.

Во рамките на сместувањето има кафе-бар тераса, идеална за заеднички дружења или индивидуална релаксација. Гостите можат да уживаат во топли и ладни пијалаци, алкохолни и безалкохолни освежувања, сладолед и лесни закуски.

Паркинг

Обезбеден е бесплатен приватен паркинг со капацитет за 5 возила, односно по едно паркинг место за секоја сместувачка единица.

Локација

Сместувањето се наоѓа над автокампот Елешец, на патот кон селото Елшани, кое е оддалечено околу 10 километри јужно од Охрид, помеѓу Охридското Езеро и Националниот парк Галичица.

Плажата Елешец е оддалечена само 800 метри и до неа може лесно да се пристигне пеш или со велосипед.

На околу 4,5 километри се наоѓа музејот на вода „Заливот на Коските“ (Bay of Bones), една од најпознатите туристички атракции во регионот.

Активности во околината

Селото Елшани претставува одлична почетна точка за планинарење, пешачење, велосипедизам, трчање и искачување по карпи во Националниот парк Галичица.

Разгранетата мрежа од планински патеки, локални патишта и мирни селски улици овозможува активен одмор за посетители од сите возрасти и нивоа на физичка подготвеност.

Амбиент

Сместувањето е лоцирано во мирна област, заштитена од сообраќаен метеж и градска бучава, а сепак е оддалечено само 500 метри од главниот пат што води од Охрид кон манастирот „Свети Наум“.

Опкружено е со семејни куќи и тивко соседство, што овозможува пријатен и спокоен престој.

Check-in / Check-out

Пријавувањето е од 13:00 до 14:00 часот. Доколку условите дозволуваат, можно е порано пријавување по претходно барање.

Одјавувањето е најдоцна до 10:00 часот. По претходен договор и доколку има можност, може да се одобри и подоцнежно одјавување.

Преземање на клучевите

За секој објект е обезбеден посебен сеф за клучеви. Пред пристигнувањето, гостите добиваат шифра со која самостојно го отвораат сефот и ги преземаат клучевите.

Хигиена

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 4 дена, а по барање на гостите може да се организира и почеста замена.

Домашни миленици

Домашни миленици се дозволени.

Велосипеди и дополнителна опрема

Обезбеден е простор за оставање велосипеди. Секоја сместувачка единица располага со сопствен балкон и дворче, каде гостите можат безбедно да остават велосипеди, плажна опрема, детски играчки и друга лична опрема.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Kristina Ickovska

    16.09.2025 19:45

    Многу убаво, пречисто, одлично за мирен одмор со миленик.

  • Dubravka Gluskina

    27.06.2025 13:11

    Zdr. Za 4cleno semejstvo od period 04.08

  • Лидија Костова

    07.02.2025 11:18

    Добар ден .Може ли цена за 2 возрасни и3 деца (Фамилијарен апп) за период од 21-07 до 31-07 -2025

  • Aleksandar ivanov

    12.08.2024 18:25

    Od 27mi do 31vi AVGUST 2+3deca slobodni ima li I cena

  • Slavica Krstevska

    29.04.2024 00:15

    Kolku e cena za 2 osobi

  • gordan

    26.04.2024 17:48

    дали има слободно место за 3-4 мај. 2х возрасни 2х деца? поз