СУПЕР ДОМАЌИН

Вила на надморска височина од 750 метри: Охрид

Ohrid
Цена од:

2,768.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените варираат во зависност од периодот
  • Се движат од 2.768 денари од соба за едно ноќевање
  • Цените зависат од видот на собата (поглед кон езеро/планина)
  • Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Максимален капацитет е за 28 лица. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда со вкупна цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 28
Кревети : 28
Check In : 11:00
Check Out : 14:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Вила во близина на Охрид со панорамски поглед кон езерото, градот и тврдината

Локација
Вилата се наоѓа на 2,5 км од центарот на Охрид, на прекрасна локација со панорамски поглед кон езерото, градот и тврдината. Сместена е на надморска височина од 750 метри, во мирна и пријатна околина.

Сместување
Вилата располага со 9 соби. Собите се со брачни кревети со димензии 180 x 200 см, а во 5 од собите има и троседи на развлекување со димензии 160 x 200 см, што овозможува дополнителен капацитет за спиење.

Содржини во собите
Секоја соба располага со комплетно опремена чајна кујна, тераса, сопствено купатило, ТВ со кабловска телевизија, клима уред, сензор за чад, ролетни и фрижидер.

Заедничка кујна
Објектот има целосно опремена заедничка кујна со чаши, чинии, вилушки, лажици, даска за сечење, плотна, чајник за топла вода, тава и тенџере.

Wi-Fi и интернет
Вилата располага со Wi-Fi со гарантирана брзина.

Паркинг
Обезбеден е приватен паркинг во рамки на објектот. Секој гостин добива пристап за капијата.

Капацитет
Максимален капацитет: до 28 лица

Околина
Објектот се наоѓа во мирна населба, опкружена со станбени куќи, идеална за одмор и релаксација.

Check-in / Check-out
Check-in: 11:00 часот
Check-out: 14:00 часот

Прием на гости
Клучот се подига од сопствениците, кои лично ги пречекуваат гостите во вилата.

Дополнителни информации
За престој подолг од 5 дена се врши промена на постелнина и пешкири.
Домашни миленици не се дозволени. Обезбеден е простор за оставање велосипеди и мотори.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • ВикторијаБ

    06.08.2023 23:23

    Преубав поминат викенд. Прекрасна соба со се што ви е потребно за престој. Чисто,модерно,ново убаво Топла препорака Газда Зоки цар ❤️