НОВО
СУПЕР ДОМАЌИН

5 Дрвени куќички скриени во природата кај Кокино

Kumanovo
Цена од:

3,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • За резервација се плаќа 100% од сумата.
  • 2 лица 3.000 денари
  • 3 лица 3.500 денари
  • 4 лица 3.500 денари
  • Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

5 Дрвени куќички скриени во природата кај Кокино. Mожете да резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете писмен одговор со вкупна цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 20
Кревети : 10
Check In : 15:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Дрвена Куќичка
Несекојдневно

Дрвените куќички се наоѓаат во Старо Нагоричане, во мирна селска и природна средина. Од локацијата се отвора поглед кон Кокино и планината Козјак, а околината е погодна за гости кои сакаат да побегнат од градската бучава и да престојуваат опкружени со природа.

Капацитет и распоред

Целиот комплекс располага со 5 куќички. Секоја со капацитер за максимум 4 гости.

Секоја куќа на располагање има:

  • 2 соби
  • 1 брачен кревет
  • 1 софа наменета за спиење
  • Вкупен капацитет до 4 лица

Куќичките се погодни за престој на парови, семејства со деца или помали друштва.

Опременост

Во сместувањето гостите имаат на располагање:

  • ТВ
  • Wi-Fi интернет
  • Фрижидер
  • Сопствен тоалет/купатило
  • Клима уред
  • Опремена кујна

Објектот располага со целосно опремена кујна, која гостите можат да ја користат за подготовка на сопствени оброци.

Греење и ладење

За греење и ладење се користи инвертер клима уред, што овозможува сместувањето да се користи во различни периоди од годината.

Двор, паркинг и велосипеди

За гостите е обезбеден приватен паркинг во рамки на сместувањето.

Има и надворешен простор за оставање велосипеди, што го прави објектот практичен и за гости кои сакаат да ја истражуваат околината со велосипед.

Што има во околината?

Една од главните предности на сместувањето е неговата местоположба. Куќичките се опкружени со природа и нудат поглед кон Кокино и планината Козјак.

Во пошироката околина може да се посетат:

  • Мегалитската опсерваторија Кокино
  • Планината Козјак
  • Меморијалниот центар Пелинце
  • Реката Пчиња
  • Храмот „Св. Ѓорѓи“ од XIII век
  • Манастирот Прохор Пчински

Околината овозможува прошетки, престој во природа и истражување на културните и природните знаменитости на овој дел од Македонија.

Пријавување и одјавување

Пријавување (check-in): од 15:00 часот
Одјавување (check-out): до 10:00 часот

Гостите самостојно го подигаат клучот, без потреба домаќинот лично да ги пречекува при пристигнувањето.

Постелнина и пешкири

Постелнината и пешкирите се менуваат секој ден, а при подолг престој може да бидат заменети и дополнително, согласно потребите на гостите.

Домашни миленици

Не е дозволен престој со домашни миленици.

Резервација

Заинтересираните гости може да испратат барање за резервација преку Кајак.мк. По испратеното барање, гостите добиваат дополнителни информации и потврда за достапноста на сместувањето.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување