СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Рустична Куќа во срцето на Бислимска Клисура

Kumanovo
Цена од:

5,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Користење на простран двор, летниковец, опремена кујна и тоалет
  • Наем на целата куќа за 7 лица за спиење – 5000 ден (Доколку бројот на гости е помал цената се намалува во договор со домаќин)
  • Наем на целата куќа за максимум 12 лица за дневен престој – 3000 ден (Доколку бројот на гости е помал цената се намалува во договор со домаќин)
  • Цена за кампување со користење на кујна и тоалет – 400 ден од лице
  • Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и периодот
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Доколку сакате да ја резервирате викендицата испратете барање за резервација, по испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 12
Кревети : 7
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Оваа рурална куќа со простран двор и летниковец се наоѓа во с. Пчиња, Кумановско и е на само неколку чекори од Бислимската Клисура, што ви овозможува одлична шанса за истражување на овој природен рај.

Куќата е во рурална област, опкружена со убави пејзажи и блиско околно соседство.

Куќата располага со четири соби:

Кујна: целосно опремена со електричен шпорет, фрижидер и електричен бокал.

Мал музеј/етно соба: идеална за љубителите на културата и традицијата.

Трета соба: опремена со еден брачен и еден единечен кревет.

Четврта соба: има два каучи на спуштање кои можат да се користат како брачни кревети.

Собите се опремени со кревети, шифоњери и чиста постелнина, обезбедувајќи максимална удобност на гостите. Максималниот капацитет е 7 гости, но може да се примат уште 3 со претходен договор.

 

Удобности и Содржини

Овој рурален рај располага со бесплатен Wi-Fi, приватен паркинг во ограден двор, што го прави целосно безбеден. Има и простор за оставање велосипеди.

 

Атракции и Активности

Бислимската Клисура е на само 2 минути пешачење од викендицата, нудејќи можности за качување по карпи, рекреативни прошетки, посета на пештери и кајакарење. За љубителите на авантурата, постојат инструктори за качување по претходен договор.

 

Влез на домашни миленици е дозволен.

 

Check in: Флексибилен
Check out: Флексибилно

Соседството е мирно и тивко и не е дозволено јавна галама по 20:00 часот.

Постелнината и пешкирите се менуваат по потреба на гостите.

Клучот се подига од одговорно лице за сместувањето.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување