СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Соби во Штип, Строг центар

Shtip
Цена од:

1,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • 1.500 денари по лице
  • Цените се за едно ноќевање
  • Цени за наем на сместување:
  • 2 лица: 3.000 денари
  • 3 лица: 4.500 денари
  • 4 лица: 6.000 денари
  • 6 лица: 9.000 денари
  • Цел објект: 9.000 денари
  • Цената може да биде повисока за празници
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани во Штип. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 6
Check In : 11:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Простран стан во центарот на Штип

Простран и комфорен стан кој се изнајмува во целост и е погоден за престој на семејства, групи пријатели и гости кои сакаат да бидат сместени во самиот центар на Штип.

Сместување

Станот располага со вкупно 4 спални соби:

  • 2 двокреветни соби
  • 2 еднокреветни соби
  • Кујна
  • Трпезарија
  • Дневен престој

Максималниот капацитет е од 6 до 8 лица.

Опременост

Спалните соби се опремени со нови кревети и гардеробери. На гостите им е достапна комплетно опремена кујна, како и простран дневен престој со телевизори.

Интернет

Достапен е бесплатен Wi-Fi интернет.

Паркинг

Гостите можат да користат улично паркирање, а непосредно пред објектот се наоѓа и катна гаража.

Локација и околина

Сместувањето се наоѓа во централното градско подрачје на Штип, во мирно и тивко соседство. Во самиот објект има пицерија, додека во непосредната близина се наоѓаат продавници, угостителски објекти и сè што им е потребно на гостите за удобен престој.

Атракции во близина

Една од главните предности на локацијата е близината до централното градско шеталиште, кое е на кратко растојание од сместувањето.

Чекирање и одјава

  • Чекирање: од 11:00 до 12:00 часот
  • Одјава: од 10:00 до 11:00 часот

Прием на клуч

Клучот го предава домаќинот лично.

Постелнина и пешкири

Замена на постелнината и пешкирите се врши по потреба, во зависност од должината на престојот, најчесто на секои 2–3 дена.

Греење и ладење

Станот е опремен со клима уреди за пријатен престој во текот на целата година.

Домашни миленици

Домашни миленици не се дозволени.

Простор за велосипеди

На располагање има надворешен простор за оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување