Етно лукс комплекс со џакузи и руска бања

Shtip
Цена од:

7,380.00 ден

Вклучено во цена:

  • Апартман за 2 лица со појадок и термин за користење на руска бања (сауна) и дрвено џакузи е по цена од 120 евра од ноќ
  • Апартман за 4 лица со појадок и термин за крористење на руска бања (сауна) и дрвено џакузи е по цена од 160 евра од ноќ
  • Доколку се две возрасни лица и две деца до 12 години се сместуваат во апартман за 4 лица по цена од 160 евра од ноќ, доколку се две возрасни лица и едно дете до 12 години се сместуваат во апартман за 4 лица по цена од 140 евра од ноќ
  • Цената вклучува и користење на Wi-Fi и приватен паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Ручек и вечера

Цените на сместувањето се истакнати, доколку сакате да резервирате по наведените цени испратете барање со пополнување на барањето. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините


Макс. Капацитет : 16
Кревети : 10
Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Етно комплексот се наоѓа во село Црвулево на 400 метри надморска височина. Селото брои само 5 жители. Комплексот е целосно изолиран во природа и тишина. Покрај комплексот поминува поточе кој му дава уникатен шум додека уживате во дворчето.

Комплексот е нова инвестиција со нови сместувачки апартмани уредени уникатно како би ви доловиле доста несекојдневен престој. Прекрасна природа, локална храна и квалитетно вино.

Комплексот има 6 целосно опремени апартмани. Два од апартманите имаат по 2 спални соби (еден брачен и два поединечни кревети кои се спојуваат).

Апартманите се целосно опремени со тоалет, бања, целосно опремени кујни, ТВ, спална соба, соба за дневен престој, трпезарија.

Кујните се целосно опремени.

Сместувањето има Wi-Fi.

Максималниот капацитет е за 16 лица.

Во околината се наоѓа археолошки локалитет Баргала, Кањон Камник, цркви и манастири.

Сместувањето се наоѓа во рурална област во село со 5 жители, целосно изолирано и затворено од сите страни.

Check in: Флексибилно
Check out: 12:00 часот

Клучот од сместувањето се подига од домаќините при пристигнување.

Постелнините и пешкирите се менуваат на 3 дена, а може и по потреба.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Сместувањето има еден апартман кој се оддржува за дозвола на домашни миленици.

Во склоп на комплексот има традиционална руска бања со сауна и соба за дружење и отворено дрвено џакузи. Местото е изолирано во прирда, а пред самото сместување има поточе што дава уникатен шум. Компексот нуди потполна интимност и приватност за сите оние кои сакаат да побегнат од градските гужви и загадениот воздух. Сместувањето има заедничка професионална кујна/ресторан само за гостите на комплексот, домашна и органска храна од околните села, како и вински подрум со асортиман на квалитетни премиум македонски вина.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Александар Станисавовски

    22.04.2024 13:57

    Почитувани Би сакал да резервирам сместување за 4 лица за една вечер. Дали овие денови се слободни? 02.05 или 06.05 или 07.05.24 Доколу да, пишете ми да да резервирам еден од деновите. Ви благодарам однапред. Поздрав

  • Nikola

    20.03.2024 22:49

    Predobro, 11/10, celosno mi gi nadmina ocekuvanjata. Mestoto ne e samo ekstra luksuzno mesto za prenokjuvanje, tuku e cel nov experience - od hranata, do ruskata banja i dzakuzito, do profesionalnosta i gostoprimstvoto na sopstvenicite. Nemam videno nesto ni priblizno na ova vo Makedonija

  • Bojan stojanovski

    14.03.2024 20:42

    Odlicno

  • Roza Paunova

    11.03.2024 20:42

    Zdravo mnogu mi se bendisa toa shto ste go napravile i sekoja chest za vas, bidejki Makedonija izobiluva vo prirodni ubavini i mnogu lujge treba da go sledat vashiot primer, zatoa bi ve zamolila ako moze da mi ispratite vash meil ili tel. br. da iskomuniciram so vas. Ke mi bide milo ako mi dadete moznost da iskomuniciram so sopstvenikot na kompleksot. Imajte prijatna vecher. Pozzzzz

  • Emilija Vasilevska

    05.03.2024 17:23

    Pocituvani, Bi sakala da napravam rezevacija za 1 nokevanje na 8mart, dvajca vozrasni.Ve molam za potvrda.

  • Filip ivanovski

    01.03.2024 19:34

    Dali e slobodna za utre za edna nok?

  • Andjelka Stosic

    29.02.2024 14:43

    Postovanii, koja je cena za petoclanu porodicu,jedna noc 01.07.2024.? Hvala