СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила со базен: село Моклиште

Kavadarci
Цена од:

12,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената за наем на вила варира од барањата на гостите, периодот и должината на престој и се движи од 12.000 денари од ноќ
  • Цена за наем без ноќевање е 9000 денари (од 12:00 часот на пладне до 21:00)
  • За празници цената е повисока
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт
  • Храна

Вила со базен во село Моклиште. За да ја резервирате испратете барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 10
Кревети : 10
Check In : 12:00
Check Out : 10:30
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух
Pet Friendly

Сместување

Вилата располага со 3 спални соби и се изнајмува целосно, што значи дека за време на престојот ќе бидете единствените гости во објектот.

Две од спалните соби имаат по еден брачен кревет, додека третата располага со 4 поединечни кревети.

Максималниот капацитет за спиење е 8 лица.

Распоред на вилата

На првиот кат се наоѓаат дневната соба и целосно опремената кујна, како и надворешен тоалет.

На вториот кат се наоѓаат 3 спални соби и бања со туш-кабина.

Локација

Вилата се наоѓа во населбата Моклиште, на само 10 км од Кавадарци, опкружена со природа, сонце и мирен амбиент.

Во близина има ресторан, патеки за пешачење и планинарење, река и манастир. Вилата располага со прекрасен поглед кон планината и голема градина, идеална за одмор и уживање во природата.

Базен и надворешен простор

Во дворот се наоѓа приватен базен, опкружен со лежалки за сончање и чадор.

На располагање има и надворешен бар/кабана со сепариња, мини летна кујна, фрижидер и замрзнувач за ладни пијалоци.

За гостите е достапна и надворешна скара.

Кујна

Кујната е целосно опремена со потребните апарати и кујнски прибор. На располагање има рерна, микробранова печка и сè што е потребно за подготовка на оброци.

Опременост

Вилата располага со:

  • приватен паркинг
  • клима-уреди
  • Wi-Fi
  • телевизор
  • машина за перење алишта
  • пегла
  • фен за коса
  • рерна
  • микробранова печка
  • комплетен кујнски прибор
  • надворешна скара
  • приватен базен
  • надворешен бар/летна кујна

Домашни миленици и пушење

Домашните миленици се дозволени.

Пушењето е дозволено само на отворено.

Постелнина и пешкири

Постелнината и пешкирите се менуваат секојдневно.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: 12:00 часот
  • Check-out: 10:30 часот

Капацитет и цена

Максималниот капацитет за спиење е 8 лица.

Цената не е фиксна и може да варира во зависност од бројот на гости и сезоната.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Elena mj

    31.08.2026 09:44

    Одлични домаќини! Локацијата извонредна. Идеално за семејства кои сакаат да се зближат или пак за друштва за релаксација. good Value for money!

  • Ivana Arsosja

    10.07.2022 14:01

    Ve molam cena iznajmuvanje na vilata za vikend 2 dena, edno nokevanje, za bracen par so 3 gkd detence ?