СУПЕР ДОМАЌИН

Планинарски дом: Чеплес

Veles
Цена од:

600.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цената е 600 денари од лице за ноќевање во новиот дел со соби со 3 и 4 кревети со тоалет
  • Греење
  • Чиста вода за пиење и миење
  • Одлично искуство

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Домот има нов и стар дел во кој може да присуствуваат гостите. Новиот дел е уреден да може да се греат просториите со централно греење. Зградата има нова термо фасада. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 100
Beds : 100
Parking
Изолирано
Pet Friendly

Историја на домот

Планинарскиот дом „Чеплес“ е изграден во 1952 година, првично со намена како ловечки дом. Во 1955 година, домот е предаден на управување на Планинарското друштво „Солунска Глава“ од Велес и е претворен во планинарски дом.

Денес, домот е во приватна сопственост и со него располага Спортскиот атлетски клуб „Изгрев“ од Велес.

Сместување и капацитет

Домот располага со нов и стар дел, кои се достапни за гостите. Новиот дел е уреден со можност за греење на просториите преку централно греење, а објектот има поставено и нова термофасада.

На располагање има 5 соби за спиење, од кои две се поголеми и опремени со групни лежаи.

  • Број на кревети: 56
  • Капацитет со групно сместување: до околу 100 планинари

Услови и опременост

Домот редовно се одржува и располага со:

  • Електрично осветлување
  • Довод на вода од сопствен извор – Нортонов бунар со пумпа
  • Чешма со природна вода во непосредна близина на домот, погодна за пиење
  • Централно греење во новиот дел
  • Нова термофасада

Домот е постојано отворен, а на локацијата има и постојан домар.

Локација и природно опкружување

Планинарскиот дом „Чеплес“ се наоѓа на планината Даутица, дел од планинскиот масив Јакупица, во прекрасна шума со високи букови дрвја.

Околу домот има простран отворен простор, покриен со трева и папрат, кој овозможува пријатен престој и одмор во природа. Локацијата нуди извонреден планински амбиент и прекрасни погледи кон врвовите на Јакупица и Плавник.

Домот е ориентиран кон исток и има долг период на сончева изложеност во текот на денот.

Можности за активности и излети

Планински велосипедизам
Траса Богомила – Нежилово – Чеплес, погодна за љубителите на планинскиот велосипедизам.

Алпинизам
Во околината на домот се наоѓаат Нежиловите карпи, кои нудат можности за алпинистички искачувања.

Изворите на реката Бабуна
Излет до изворите на реката Бабуна, во месноста Бабина Дупка, со околу 2 часа пешачење од домот.

Солунска Глава – 2.539 м.н.в.
Искачувањето до врвот Солунска Глава трае околу 2 часа пешачење во добри временски услови во летниот период.

Поради можните брзи промени на временските услови, искачувањето до врвот се препорачува за искусни планинари или во организирани групи со искусни планинари.

Подолги планинарски траси

  • Чеплес – Солунска Глава – Убава – Патишка Река – Скопје: околу 8 часа пешачење
  • Чеплес – Солунска Глава – Планинарски дом „Караџица“ – Планинарски дом „Китка“: околу 4 часа пешачење

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување