Еколошко село Сонцогор: Долно Оризари

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Вклучено во цена:

  • Посетата и присуството е на база на донација
  • Греење
  • Едукативни предавања

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Домаќините не наплаќаат за престој или посета на куќичката. Базирано е на база на донација, која подоцна се користи за натамошно развивање на концептот.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Паркинг

Еколошката куќичка се наоѓа во месноста Долно Оризари на 4 километри после Велес, пред поранешната фабрика Порцеланка.

Куќата соодржи една или главна купола која има 30 квадратни метри и две мали простории од по 6 квадратни метри.

Дневната светлина влегува преку два простори во големата кипола и еден во малите помошни простории.

Во главната купола има уникатен под направен од глина, камин и место за седење за 4 лица.

Има еден лежај на горниот дел од куполата, лежај на спрат. Во помошната купола или спалната, има дупли лежај.

Местото е отворено за едукативни посети и практична работа или работилници, со претходна најава, а се организираат и отворени викенди, каде секој може да дојде и без најава.

Сите кои се заинтересирани може да научат за својствата на земјата, да научат како е да се биде Офф грид или надвор од мрежа и да се почувствува еден подруг еколошко, минималистички начин на живот.

Куќичката има услови за престој во зима.

Местото има свој куќен ред: Не е дозволено алкохол, забрането е конзумирaње месо, забрането е користење вулгарни зборови. Домашни миленици се добредојдени, бидејќи овде има животни кои се пријатели а не потчинети. Со еден збор да се негува и чува природата.

Домаќините не наплаќаат за престој или посета на куќичката. Базирано е на база на донација, која подоцна се користи за натамошно развивање на концептот.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување