Винарија Тодор: Село Дреново
Македонскo винo100.00 ден
Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Семејството
Атанасови ни ја раскажаа приказната за нивната нова семејна мала винарија „Тодор“
која е официјално регистрирана оваа година или во месец септември.
- Винаријата се
наоѓа во село Дреново, Кавадарци, каде воедно се наоѓаат нивните лозови насади,
непосредно во близина на археолошкиот локалитет Еударис на 5 километри од селото.
Фамилијата Атанасови долги години работи и егзистира од земјоделие каде претежна дејност е лозарството. Првите лозови насади ги имаат од нивниот прадедо Тодор некаде во 70-те години, а како наследство ја добиваат сорта Вранец, од која прават црвено вино Вранец и со кое до денес се гордеат.
- Поради блискоста на археолошкиот локалитет, виното од сортата вранец денеска го носи името Еударист, а имаат и уште една сорта на црвено вино со назив „Плочата“ кое е мешавина од вранец, смедеревка и мала количина на сортата отонел.
Покрај виното, винаријата „Тодор“ произведува и маџун и оцет на стар традиционален начин без додатоци од ароми и засладувачи. Годишната количина на вино е од 5000 до 7000 литри, а маџунот од 800 до 1000 литри.
Place Order
View More Products
450.00 ден
250.00 ден
350.00 ден