Gift Ваучер за непознато другарче
Идеални подароци100.00 ден
Дали се сеќавате на трендот „Непознато другарче“? Кога луѓе си испраќаа подароци по пошта на адреси од непознати. Беше едноставно и од срце. Сега Кајак.мк го враќа овој тренд – но побрзо и уште поубаво.
Кајак.мк ви овозможува да изненадите непознато другарче со подарок ваучер од 100 до 1000 денари, кој може да се искористи за патување или авантура преку Кајак.мк.
Како функционира?
-
Изберете сума што сакате да ја подарите и испратете барање со вашите податоци.
-
Потоа ќе ве прашаме само едно нешто: кажете еден број што ви паѓа на памет (на пример 5, 90, 1200...).
-
Нашиот систем ќе го испрати подарокот до лицето кое е под тој број во системот и има направено резервација. Вашиот идентитет нема да се дознае без разлика дали добитникот ќе го побара тоа. (освен ако вие сакате да биде соопштено).
Што значи тоа?
Вашиот подарок оди кај луѓе кои патуваат, ја сакаат Македонија и ја поддржуваат локалната економија.
-
Изненадувањето се испраќа веднаш.
-
Лицето го добива на Viber, SMS и e-mail.
-
Вие ќе го добиете само името (без презиме) на лицето што го добило подарокот, а доколку и двете страни побараат да бидат поврзани, ние ќе дозволиме тоа со испраќање на контакти. (Исклучиво согласност од двете страни)
А најубавото?
Лицето кое ќе го добие подарокот може да одлучи да испрати подарок назад на истото лице.
На располагање имате ваучери од 100 до 1000 денари.
Замислете колку е убаво денеска да добиете порака дека некој ве изненадил со подарок?
Направи нарачка
