Дрвца од жица со полудраги камења и монистри
Рачни изработки1,400.00 ден
Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Можете да селектирате кои прозизводи и која количина сакате. По испратеното барање очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Дрвото со кристали е прекрасен пример за спој на уметност,
креативност и духовност. Во источните култури, се смета дека кристалите носат
позитивна енергија, а во форма на дрво, тие стануваат симбол на животот, растот
и поврзаноста.
Изработка на дрвото со кристали
Процесот на изработка бара време, посветеност и прецизност. Почетната фаза
вклучува избор на полудраги камења кои ќе бидат главниот фокус на декорацијата.
Изборот на жица е важен, бидејќи таа мора да биде во хармонија со бојата на
кристалите и да обезбеди стабилност. Со трпение се оформуваат гранките, кои
потоа се поврзуваат во стебло и корени. На крај, дрвото се поставува на основа
– најчесто природен камен или стаклен сад, што дополнително го истакнува
неговиот естетски изглед.
Најчести видови на кристали и нивните својства
- Горски
кристал: За јасност и енергија.
- Аметист:
Симбол за мир и духовна сила.
- Розе
кварц: Камен на љубовта и емоционалната хармонија.
- Карнелијан:
Го поттикнува креативниот израз и самодовербата.
- Цитрин:
Привлекува изобилство и успех.
- Зелен
авантурин: Донесува среќа и баланс.
Секое дрвце е уникатно и го носи личниот печат на
изработувачот. Затоа, ваквите декоративни елементи се одличен подарок за
најблиските, симболизирајќи позитивни желби и енергија.
Направи нарачка
Коментари
-
Vanja Shipovic Stojanovski
28.03.2024 20:16
Zdravo sakam da prasam dali postoi opcija da se napravi vakva fogura so zica od polidragi kamenja