Раскошни народни везови како инспирација за современ дизајн
Рачни изработки500.00 ден
Носиите од различни краеви на Македонија како инспирација за современ дизајн. Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Можете да селектирате кои прозизводи и која количина сакате. По испратеното барање очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Културното наследство на Македонија како инспирација за современ дизајн
Македонските народни везови, со нивната уникатна симболика и богатство од бои,
оживуваат во модерни, памучни торби и маици со рачно изработени мотиви. Инспирирани од
традиционалните килими, народните носии и етнокултурното богатство на нашата
земја, овие торби се совршен спој на минатото и современоста.
Раскошните форми и живописните тонови, кои некогаш биле дел од секојдневието на нашите предци, денес се трансформираат во модерен и практичен додаток. Секој мотив раскажува приказна, поврзувајќи го сегашното со богатото наследство на нашата култура. Овие торби и маици не само што се визуелно впечатливи, туку и функционални, правејќи ги идеален избор за оние кои сакаат да носат парче традиција со себе, секој ден.
Од сите дизајни има и други производи како подметачи за чаши, несесери, беџови.