Еко восочни обвивки

Рачни изработки
Цена од:

400.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

Идејaта за изработка на еко восочни обвивки произлегла од подарокот- восочна амбалажа кој за првпат го добива од нејзината внука која живее во Нов Зеланд. Со многу ентузијазам ја создадала ЕКО восочната обвивка од 100% памучен материјал и природен пчелин восок, на нејзин начин како амбалажа која ги заменува пластичните и алуминиумски материјали и може повеќекратно да се употребува до 1 година и повеќе. ЕКО восочната обвивка е еколошка, практична, со убав дизајн и лесно се одржува. Еколошките обвивки, Сања вели дека се нејзината борба со загадувањето од пластика, создавање на отпад како и прекумерното трошење на храна.

Се изработуваат од памучен материјал, природен пчелин восок од локални македонски пчелари, начинот за соодветна подготовка и обработка на восокот и материјалите, вистинската постапка за импрегнирање на восокот врз материјалот. Ресурсите внимателно се избани и со многу ентузијазам ги создава и креира обвивките посебно, знаејќи дека во нејзините пензионерски денови прави нешто корисно.

Контакт: +38971289950

Направи нарачка

viber_image_2023-02-17_07-59-29-550

Еко восочни обвивки

Цената на еден сет ЕКО восочни обвивки кој содржи три обвивки во три различни големини е 400 денари.
Цена

400.00 ден

Остави Коментар