Винарија Арабеска

Македонскo винo
Цена од:

380.00 ден

Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

“Арабеска” е мала семејна винарија во сопственост на семејството Стојчеви. Лоцирана е во село Сопот оддалечено 6 километри од градот Кавадарци, во срцето на Тиквешкиот регион познат по квалитетните лозови насади.

Денеска, Кирил вели дека се горди на сопствените вина, показател за квалитетот се минатогодишните Златни награди за Ркацители и Вранец и Големо злато за Розе од сортата Вранец на која се особено горди.

Блендот од традиционалниот и современиот метод на производство кулминира со создавање на нивните препознатливи вина, кои се добиваат од сопствен лозов насад од 16 декари. Во иднина покрај Вранец и Ркацители на репертоарот ќе се најдат и сортите Рајнски Ризлинг и прочуеното Каберне Совињон.



Направи нарачка

https://cdn.kajak.mk/static/5246bedd-e1ed-b07b-9385-2d22a012e587.jpg

Ркацители 0.75мл

Суво бело вино што содржи 13.5% алкохол. Произведено од сопствен лозов насад стар 34 години лоциран во регионот Смолник с.Сопот.
Цена

380.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/3e76d89d-fec6-0748-afc1-a3cf880f51d5.jpg

Вранец 0.75мл

Суво црвено вино што содржи 13.5% алкохол. Произведено од сопствен лозов насад стар 25 години лоциран во регионот Лепово с.Сопот.
Цена

380.00 ден

Остави Коментар