Винарија Тодор: Село Дреново

Македонскo винo
Price from:

100.00 mkd

Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Можете да селектирате кои прозизводи и која количина сакате. По испратеното барање очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

Семејството Атанасови ја споделија со нас приказната за нивната нова семејна мала винарија „Тодор“, која е официјално регистрирана оваа година, во месец септември.

Винаријата се наоѓа во село Дреново, Кавадарци, каде што се наоѓаат и нивните лозови насади, на само неколку километри од археолошкиот локалитет Еударис.

Семејството Атанасови веќе долги години се занимава со земјоделие, со акцент на лозарството. Првите лозови насади ги посадил нивниот прадедо Тодор некаде во 70-те години, а како наследство ја добиваат сортата Вранец, од која произведуваат црвено вино Вранец – вино на кое денес се гордеат.

Поради близината на археолошкиот локалитет, виното од сортата Вранец денес носи името „Еударист“. Имаат и уште една сорта црвено вино со назив „Плочата“, која е мешавина од Вранец, Смедеревка и мала количина на сортата Отонел.

Покрај виното, винаријата „Тодор“ произведува и маџун и оцет на стар традиционален начин, без додавање на ароми и засладувачи. Годишната количина на вино е од 5000 до 7000 литри, додека маџунот се движи од 800 до 1000 литри.



Place Order

https://cdn.kajak.mk/static/b7ce9a85-5924-5f07-23c9-bb30086f7048.jpg

Оцет „Тодор“

Количина 1мл
Price

100.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/4b65f5eb-3596-ff52-78a3-c88105c7f552.jpg

Смедеревка 0.75мл

Бело вино 0,75л
Price

250.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/c71fdbc9-7bcc-1810-8704-611f18ac110c.jpg

Маџун „Тодор“ 250мл

Маџун 0,250мл
Price

300.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/27d4cd6a-6f39-6bcb-06fd-5bb877490313.jpg

Црвено вино Плочата 0.77мл

Црвено вино Плочата Вранец со мешавина на отонел 0.750
Price

300.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/ddacdd17-40a0-f86b-d6a9-2bdddd660291.jpg

Црвено вино Еударист Вранец 0,750мл

Црвено вино Еударист Вранец 0,750мл
Price

350.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/c5ad14fb-fca6-bbc8-c6fe-291e207003c0.jpg

Маџун „Тодор“ 0,5мл

Маџун 0,5л
Price

450.00 mkd

Leave a Comment