Винарија Кувин
Македонскo винo350.00 mkd
Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Селектирајте кои производи и колкава количина сакате да нарачате и очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Винаријата Кувин е мала семејна винарија со годишен капацитет од околу 20.000 литри, додека реалното производство се движи помеѓу 10.000 и 12.000 литри годишно.
Винаријата е специјализирана за производство на барикни вина и пенливи вина, изработени на традиционален начин, со посветеност кон квалитетот и автентичноста.
Ивица ги раскажува почетоците на винаријата, која официјално е регистрирана во 2015 година, иако семејството активно се занимава со винарство уште од 2011 година.
Со цел да се зачува традицијата и историското наследство на регионот, името „Кувин“ претставува кованица од зборовите Кучково и вино, симболизирајќи ја силната поврзаност со местото и винската култура.
Place Order
МУГРА (СОВИЊОН БЛАН)
Виното е ароматично свежо и префинето со нежна жолто сламеста боја и зелена рефлекса, која дава прекрасна бистрина. Мирисот на ова вино е со арома на пролетни тревки, грашак, аспарагус и цветови комбинирани. При консумирање, во устата и грлото дава убаво избалансирана хармонија со продолжен вкус. Виото е јасно елегантно суво, но нежно слади. Се служи на температура од 8-10 0C во комбинација со морски плодови,риба и козјо сирење.350.00 mkd
КУВИН КУВЕ БЕЛО
Квалитетно, бело, суво вино произведено со купажирање на белите сорти шардоне и смедеревка. Развиен и свеж, цветен мирис, изразени ароми на тропско овошје со хармонично хербален вкус. Се служи на температура од 8-10оС,во комбинација со морски плодови, риба и козјо сирење.350.00 mkd
ЗЛАТНИК (ШАРДОНЕ)
Суво бело вино со регионално потекло. Виното е со нежна, жолто-зеленкаста боја, која дава прекрасна бистрина. Мирисот на ова вино е со арома на пролетни треви и цветови, комбинирани со цитрусови и јаболкови вкусови. При консумирање, во устата и грлото дава убаво избалансирана хармонија со продолжен вкус. Виното е суво, но нежно слади350.00 mkd
ЛУНА (ТЕМЈАНИКА)
Суво бело вино со регионално потекло. Виното е со нежна, жолто-зеленкаста боја, која дава прекрасна бистрина. Мирисот на ова вино е со арома на пролетни треви и цветови, комбинирани со цитрусови и јаболкови вкусови. При консумирање, во устата и грлото дава убаво избалансирана хармонија со продолжен вкус. Виното е суво, но нежно слади350.00 mkd
МАКЕДОНСКА УБАВИНА (СТАНУШИНА)
Станушина Розе-МАКЕДОСКА УБАВИНА е прекрасно суво вино со нежна светло-розева боја. Аромите се интензивни и богати. Се среќаваме со нијанси на дива јагода, пролетни цвеќиња и ароми со сок од дренка. Дефинирање се исто така ароми на свежо црвено овошје, особено јагода и малина. Вкусот е елегантен и долготраен, а финишот е свеж и пријатен. Поради богатиот овошен карактер може да се конзумира како аперитив во врели летни денови, а исто така и како десертно вино со овошни салати и сладолед.350.00 mkd
КАБЕРНЕТ СОВИЊОН
Квалитетно, суво, црвено вино со изразена рубиново црвена боја со виолетови нијанси. Се одликува со одлична бистрина и силни мириси на сува слива, зрнесто овошје и темно чоколадо. Полно тело со висок екстракт и мек, кадифен завршеток. Се служи на температура од 16-18оC со дивеч, печено свинско и телешко месо.450.00 mkd
БАРИК (ВРАНЕЦ)
Квалитетно, суво, црвено вино со географска ознака. Се одликува со темна рубин, црвена боја. На мирис подсетува на зрела вишна и шумско овошје, со тонови на ванила кои оставаат дополнителен вкус на полност и топлина. Богато со алкохол и препознатливо по долгиот финиш. Одлежано во дабово буре 12 месеци. Се служи на температура од 16-18 0 C со дивеч, печено свинско и телешко месо.1,000.00 mkd
МЕРЛОТ БАРИК
Квалитетно, суво вино со рубин црвена боја. Се одликува со силно изразени ароми на рибизла и капина, како и ароми на црна и црвена цреша. Меко и хармонично со долг завршеток. Одлежано во дабово буре 24 месеци. Се служи на температура од 16-18 о C со дивеч, печено свинско и телешко месо.1,200.00 mkd
МИЛО БАРИК (ВРАНЕЦ)
Квалитетно, суво, црвено вино со географска ознака. Се одликува со темна рубин, црвена боја. На мирис подсетува на зрела вишна и шумско овошје, со тонови на ванила кои оставаат дополнителен вкус на полност и топлина. Богато со алкохол и препознатливо по долгиот финиш. Одлежано во дабово буре 24 месеци.1,200.00 mkd
КАБЕРНЕТ СОВИЊОН
Барик. Квалитетно, суво, црвено вино со изразена рубиново црвена боја со виолетови нијанси. Се одликува со одлична бистрина и силни мириси на сува слива, зрнесто овошје и темно чоколадо. Полно тело со висок екстракт и мек, кадифен завршеток. Одлежано во дабово буре 24 месеци. Се служи на температура од 16-18оC со дивеч, печено свинско и телешко месо.1,500.00 mkd
ПЕНЛИВО ВИНО - БРУТ (СОВИЊОН БЛАН)
Оваа традиционална метода на пенливо вино нуди суптилни нишки од цитрус и зрело јаболко испреплетено со тонови на топло броше. Покажува ароматична зрелост по четириесет месеци стареење во шишиња. Виното има кремасто чувство на уста, со фини перзистентни меури и долготраен финиш. Совршен како аперитив или во комбинација со пушен лосос, школки, бело месо и меки сирења.1,500.00 mkd
