Винарија Ерос
Македонскo винo400.00 ден
Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Можете да селектирате кои прозизводи и која количина сакате. По испратеното барање очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
- По потекло се од село Бохула, кое се наоѓа од десната страна на реката Бошава и на надморска височина од 900 метри.
Денеска за малата семејна винарија се грижи неговиот син Сашко, кој добива поддршка и помош од своите блиски пријатели и роднини, а винаријата „Ерос“ има дострел од 12.000 литри вино во текот на една година.
- Еден дел од лозовите насади се во сопственост на фамилијата на Сашко и се органски, а другиот дел се изнајмени. Сите ги одгледуваат и преработуваат на ист начин. За Сашко најважно е да го зачуваат и подобрат биодиверзитетот. Тој вели дека не ги третираат плевелите, тие се во симбиоза со лозата, што придонесува за зголемен број на инсекти и микроорганизми во почвата, а богата почва е здрава почва, со тоа и здрав производ.
Денеска винаријата „Ерос“ е горда на својата палета која е составена од 10 вина и тоа „Stellar темјаника“, „П'на месечина мускат отонел“ и „Пилигрим совињон бел“, која берба се одвива навечер. Овде се и „Талисман Жилавка“, „Шардоне суво и полуслатко“, „Ева Бела Станушина„ „Розе Ева Станушина“ и „Адама Црвена Станушина„, како и „Вранец со 16.5% алкохол“. Начинот на производство е со минимални интервенции, а секое вино е со свој белег.
Направи нарачка
Stellar Темјаника 0,75мл
Грозјето е берено навечер, соодветно изладено, мацерирано 24 часа. По пресувањето, чистиот сок е ферментиран во три различни профили. Финалниот бленд е нефилтрирано суво вино со нежни цветни ароми, свежо и мазно обликувано непце, со долг и пријатен вкус. Произведено во лимитирана серија од околу 2000 шишиња. Вообичаена е појава на талог. Виното содржи сулфити. Сертифициран органски насад.400.00 ден
Ева - Станушина
Веднаш по гмечењето, без мацерација, бистриот сок е ферментиран на контролирана температура од 17 C. Суво вино со дискретни овошни ароми, свежо и мазно обликувано непце и пријатен вкус на зелени овошја. Содржи 12% алкохол. Произведено во лимитирана серија од околу 800 шишиња. Вообичаена е појава на талог. Виното содржи сулфити.400.00 ден
Пилигрим - Совињон бел
- една од светски најраспространетите сорти, со сета своја специфичност за обработка. Внимателно ферментирано во два профила во контролирани услови. Добиените вина, едното со висок ароматен профил, другото со извонредна свежина создаваат совршен бленд од ова нежно вино. Зреено е во инокс садови . Суво вино со 14.1% алкохол, свежина која долго се чувствува во устата. Изразени нежни цитрусни ароми во хармонија со мазно тело и силната свежина. Нефилтрирано вино. Лимитиран400.00 ден
Розе Ева - Станушина
По 36 часовна мацерација, исцедениот сок е со заводливо розова боја. Ферментацијата е во траење од 13 дена на контролирана температура. Суво вино со 12% алкохол, со ароми на црвени шумски овошја, шумска јагода, малина. Се одликува со голема свежина и пријатен вкус. Лимитирано производство од околу 500 шишиња. Вообичаена е појава на талог. Содржи сулфити.400.00 ден
Талисман - Жилавка
Потценета сорта со огромен потенцијал. Насадот е во реонот Овчка река. Гмеченото грозје е мацерирано два дена. Траењето на ферментацијата е 18 дена, на контролирана температура од 16 С. Зреено е во инокс садови 3 месеци на фин талог. Суво вино со 14.1% алкохол и голема свежина која долго останува во устата. Ароми на јужни овошја типични за сортата. Нефилтрирано вино. Лимитирано производство од 1200 шишиња. Вообичаена е појава на талог. Содржи сулфити.450.00 ден
Шардоне
- берба 2019, добитник на златен медал на Balkan International wine competition 2020. Насадите се лоцирани во атарот на село Бохула, на планината Кожув, на 700м надморска висина. Ова создава идеални услови за касна берба, средина на Октомври. Вино зреено на фин талог 8 месеци во инокс садови. Полуслатко, со 16.8% алкохол и остаток од 22 грама на шеќер. Се одликува со изразени медени ароми, силно тело и долг вкус со цитрусен завршеток. Произведено во лимитирана серија од околу 300 Шишиња.600.00 ден