Природна козметика од домашно потекло: сапуни, масло, сол за бања
Природна козметика180.00 ден
Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Кога природата ни дава милион начини да ги преточиме нејзините билки во природна козметика, треба да сме доволно храбри да започнеме еден нов процес и да го презентираме кон јавноста. Петранка е нашата денешна хероина, која благодарение на природни состојки изработува домашни сапуни. Тие помагаат на голем број луѓе со иритации, чувствителност и сувост на кожата. Пронајдете се себеси во описот на производите и нарачајте го она што е соодветно за вас.
Направи нарачка
Сапун со хималајска сол 100гр +/-
Сапун со хималајска сол (кокосово млеко, кокосово масло, рицинусово масло, маслиново масло). Ги редуцира акните, ја подобрува структурата на кожата (хидрира и одржува нормална PH вредност). Помага во заздравување на раните, ги обнобува клетките. Има релаксирачки ефект и поволно влијае врз дишните патишта.200.00 ден
Природен сапун со чајно дрво и еукалиптус 100гр +/-
Сапунот содржи природни масла (рицинусово и кокосово), масло од чајно дрво и етерично масло од еукалиптус. Маслото од ЧАЈНО ДРВО има антибактериско, антиинфламаторно и антисептично дејство! Сапунот е погоден е за секојдневна употреба и помага кај: габични инфекции, акни и масна кожа, го смирува чешањето на кожата, ги елиминира бактериите, ја хидрира кожата и ја штити од исушување!240.00 ден
Хималајска сол 200гр
Хималајската сол содржи 84 минерали погодни за обновување на ќелиите на кожата и враќање на нормалната pH. Има детокс ефект, антистрес, ја хидрира кожата, ја подобрува циркулацијата, прави мускулна релаксација и ги редуцира грчевите. При вдишувањето во топла купка има поволно влијание за зајакнување на синусите, слузокожата на носот и благотворна за дишните патишта.250.00 ден
Природен сапун со кафе 100гр +/-
Природниот сапун со кафе е наменет за сите типови на кожа. Со неговото користење се постигнува отстранување на мртвите слоеви на кожата, има пилинг ефект, ја подобрува циркулацијата и помага во отстранување на целулитот а кожата останува мазна и затегната.260.00 ден