Летајте со параглајдер во Охрид

Ohrid Цена од:

4,858.00 ден

Прочитајте ги деталите и испратете барање за резервација. Селектирајте го датумот и пишете ни колку лица сте. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со детални насоки.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице e 79 евра
  • Време на летање од 15 до 20 минути
  • Фотографии и видеозапис со GoPro
  • Транспорт до точката на полетување

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата договорена за собир
  • Такса за влез во национален парк-5 евра

Најлесниот начин да ја почувтвувате магијата на летањето е параглајдинг. Географските карактеристики на нашата земја овозможуваат одлични услови за овој спорт и атракција, кое пак, може да се потврди со тоа што во нашата земја се организираат натпревари од висок каратер, Светски и Европски првенства  во параглајдинг. 


Нашите инструктори котираат високо на светката ранг листа,  поседуваат интернационални лиценци според стандардите на Светската Воздухопловна Федерација и Агенцијата за Цивилно Воздухопловство, потекнуваат од Параглајдинг Клуб Делта кој е активен од самиот почеток на овој спорт во нашиот регион.


Ние организираме летање со параглајдинг над Охридското езеро. 

Времетраење: 2 часа

Максимален број на лица во една група може да биде до 30 лица


Детали за турата

Планината Галичица и Охридското Езеро се наоѓаат во југозападниот дел на Македонија, можеме да кажеме дека се едни од најубавите предели во нашата земја. Ова место нуди добри услови за летање, особено долги сесии за термално летање/лебдење за време на зајдисонцето.


Времетраење на турата:
Вкупното времетраење на турата е 2 часа. Средба со клиентите, подготовка, летачка тура и враќање на местото на средбата.


Траење на летот: Во зависност од временските услови и термалните услови, траењето на летот може да биде од 15 до 20 минути.


Височина на полетување: 1600 м / надморска височина


Местото на собир со водичот можете да го погледнете најдоле на мапата.


Повеќе информации

Откако клиентите ќе пристигнат на местото за средба, тие ќе имаат организиран превоз за време на турата.

Не е потребно претходно искуство Лиценцирани пилоти Минималната тежина на патникот е 40 кг, максималната тежина на патникот е 105 кг


Услови:


  1. Врз основа на временската прогноза се прави заеднички договор дали денот којшто го резервирале е идеален за летање
  2. Според локацијата на параглајдинг турата, се прави меѓусебен договор за збирното место со клиентите
  3. Во зависност од временските и термичките услови, просечно летот може да трае од 10 па се до 20 минути
  4. За лица помлади од 16 години потребна е старателска потврда
  5. Не е потребно претходно знаење и искуство
  6. Потребна е соодветна облека за годишното време како и цврсти обувки

Остави Коментар