Дрвена куќичка во Ранковце
4,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела вила од ноќ за 2 лица
- За секој нареден се доплаќа 500 денари
- Цената е генерирана од интернет и може да варира
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
- ТВ/Кабловска
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата е лоцирана помеѓу општина Ранковце и село Опила, смер Крива Паланка. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата се наоѓа во општина Ранковце на 72 километри од Скопје или околу 50 минути возење од Скопје. Капацитетот на вилата е од 6 до 8 лица.
Куќата е на 72 метри квадратни. Располага со две спални соби.
Едната спална соба има еден брачен кревет 2x2м, TV, греалка
Втората спална соба има еден брачен кревет и еден единечен кревет и греалка.
Дневната соба има гарнитура, камин на дрва, смарт TV со NETFLIX, трепезарија, брачен кревет на развлекување, маса со 4 столчиња, целосно опремена кујна. Сопственикот на вилата е готвач што има дадено особено внимание на кујната со опрема, зачини и така натаму.
Вилата располага со тоалет, туш, кабина, просторија/остава, wi-fi, смарт телевизор, камин, тераса со поглед, гарнитури за седење на повеќе места идеални за утринско кафе.
Кујната е опремена со шпорет, две рингли, рерна, мока пот за кафе, мирковална, тостер, чаши а пиво, ракија, кафе, чаеви, прибор, ножеви а готвење, даски за сеќење, даски за сервирање, зачини, кафе, чаеви кои може да ги користат гостите.
Објектот има приватен паркинг кој собира до 10 возила.
Check in: Од 09:00 часот наутро
Check out: 12:00 часот. Доколку вилата е празна може гостите да се одјават подоцна.
Клучот од сместувањето го дава сопственикот или лице задолжено за сместување на гостите.
Доколку гостите се задржат подолг период се менуваат постелнините и пешкирите кои се наоѓаат во просторија каде може самите гости да земат доколку имаат потреба од нив.
Објектот дозволува влез на домашни миленици.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Matej misevski
26.09.2021 15:58
Pet friendly e vilata,dozvoleni i dobrodojdeni se milenici:)
-
Ката Блажевска
19.09.2021 13:14
Здраво. Дали е дозволено со миленици да се дојде?