Шумска вила во Маврово идеална за цело друштво
9,000.00 mkd
Вклучено во цена:
- Цена за наем на вилата од ноќ е од 9.000 денари
- Цената варира
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
- ТВ
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт во вилата
- Храна
Вила или хостел. Идеално за цело друштво. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Опис на вилата
Вилата располага со три спални соби, бања, дневна соба, целосно опремена кујна и тераса со прекрасен поглед кон езерото и планината. На гостите им се достапни двор и паркинг-простор.
Соби и капацитет
Во една од спалните соби има брачен кревет, а во другите две има по четири единечни кревети. Максималниот капацитет на вилата е 10 лица.
Топлината и пријатната атмосфера на оваа куќа ќе ве натераат да се чувствувате како дома.
Удобности
Вилата има Wi-Fi, телевизор и кабелска телевизија, како и целосно опремена кујна.
Локација и околина
Вилата се наоѓа над ресторанот „Мавровски мерак“ и го дели дворот со соседната вила. Во близина има два ресторани, а скијачките терени се оддалечени 1 километар.
Пријавување и одјавување
Пријавување: од 14:00 до 17:00 часот
Одјавување: од 08:00 до 11:00 часот
Сопствениците лично ги пречекуваат гостите и им помагаат при сместувањето.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Hristina Bozinoska
01.02.2025 11:01
Дали е вилата слободна од 14.02 до 16.02 - 2 ноќи, ние сме 6 возрасни и 5 малолетни деца. Цена колку од ноќ? Поздрав
-
Sasa Prekpalaj
05.01.2025 23:16
Zdravo dali vilata e slobodna za 17 i 18 januari
-
Nenad Petrushevski
08.11.2021 08:46
Zdravo, dali imate slobodni kapaciteti vo periodot od 30.12.2021 - 02.01.2022? Blagodaram! Pozdrav, Nenad