СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Викендица во Маврово

Mavrovo
Цена од:

6,000.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Просечна цена за ноќевање од 6.000 денари
  • Цените зависат од сезоната, времетраењето на престојот, како и бројот на луѓе кој ќе ја користат.
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi/TV
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 6
Beds : 6
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Pet Friendly

Локација и пристап
Викендичката се наоѓа покрај патот што води кон Галичник. Кога ќе започнете да се искачувате, по околу 200 метри од десната страна ќе забележите паркинг-простор. Викендичката се наоѓа тука.

Распоред и сместување
Викендичката има површина од 75 м², распоредена на два спрата поврзани со внатрешни и надворешни скали. На горниот кат има три спални соби со брачни кревети и тоалет со можност за туширање.

На долниот кат има отворен простор со трпезариска маса, целосно опремена кујна и дневна соба. Кујната располага со шпорет, машина за садови и фрижидер со замрзнувач. Во дневната соба има телевизор со Max TV и постојана интернет-врска преку оптички интернет. На овој кат има и тоалет со туш-кабина.

Максималниот капацитет е шест лица, за престојот да биде удобен за сите.

Околина и двор
Околу куќата има шума погодна за прошетки. Пред куќата има дворче, како и посебна просторија во која се чуваат дрва. Во оваа просторија може да се остават и велосипеди.

Пристигнување и одјавување
Препорачуваме пристигнувањето и одјавувањето да бидат околу 12:00 часот напладне. Викендичката е дел од дуплекс-објект, а домаќините постојано живеат во едниот дел. Клучот се презема од домаќините при пристигнувањето.

Постелнина
За престои подолги од седум дена, постои можност за промена на постелнината.

Цени
Цените зависат од сезоната, времетраењето на престојот и бројот на гости.

Домашни миленици
Дозволено е мало куче кое живее во стан. Поголеми миленици не се дозволени.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ana Damjanova

    16.07.2024 21:06

    Dali e slobodna vikendicata za petok vecer, 19.07.2024, edna vecer i kolku cini?