Викендица во Маврово
6,800.00 mkd
Вклучено во цена:
- Цените се за цела викендица се движат од 6.800 за едно ноќевање
- Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и периодот
- Доколку гостите сакаат може да го изнајмат само првиот спрат 4.305 денари
- Греење/Ладење
- ТV/Wi-Fi
- Опремена кујна
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Викендица во Маврово. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Викендица во Маврово – во близина на ски центарот
Локација
Викендицата се наоѓа во с. Маврово, во близина на мотелот „St. Moritz“, на само 2,5 км од скијачкиот центар „Заре Лазаревски“.
Распоред на објектот
Викендицата е на два спрата:
Прв спрат:
- дневна соба, кујна и трпезарија (заеднички простор)
- две спални соби (една со брачен кревет, една со развлеклив кревет)
- купатило
- тераса
Втор спрат (поткровје):
- отворен простор со капацитет за 4 лица
- еден брачен кревет и два единечни кревети
- дневен дел во отворен простор
- одвоен дел со ново купатило и туш кабина
Опременост
Викендицата е целосно опремена со:
- садови за готвење
- комбиниран шпорет (струја и плин)
- фрижидер
- 2 телевизори (по еден на секој спрат)
- озвучување
- пегла
- фен
Интернет и медиуми
- Wi-Fi интернет
- VOOM TV
Греење и ладење
- камин на дрва
- електрични радијатори
- клима уред на вториот спрат
Паркинг
Нема приватен паркинг, но може да се користи паркингот над мотелот „St. Moritz“ и просторот покрај патот под викендицата.
Капацитет
Максимален капацитет: 8 лица
Check-in / Check-out
Check-in: по 14:00 часот (можно и порано по договор)
Check-out: до 12:00 часот
Дополнителни информации
- Клучот се подига од сопствениците по договор
- Во зимски период викендицата се затоплува пред пристигнување на гостите
- При престој подолг од 7 дена се менуваат постелнината и пешкирите
- Обезбедена е резервна постелнина и пешкири
- Сместувањето не дозволува домашни миленици
- Достапен е простор за оставање велосипеди
ЛОКАЦИЈА