Гостински Палат: Бигорски Манастир

Mavrovo
Цена од:

1,800.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените се изразени во описот
  • Паркинг
  • Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Сместувањето има паркинг простор и има Wi-Fi. Максималниот капацитет е за 40 лица. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 40
Кревети : 40
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Секоја соба е со поглед кон планината Дешат и планинскиот врв Крчин, како и големиот чардак кој е на целосно располагање на гостите. Стилот на уредувањето на собите изградена потполно во стилот на мијачката градителска традиција, има за цел да го доближи до Вас духот на мијачката култура од секој аспект: местоположба, амбиент, историја, култура.

Хотелското сместување во својот пакет вклучува: крпи, средства за лична хигиена (четка и паста за заби, чепкалки за уши, сапун, гел за туширање, шампон), дополнителни крпи (бесплатно на барање).

Појадокот вклучен во понудата е на барање на гостинот на лице место на рецепција. Гостинот добива ваучер во вредност од 300 ден. по лице и може да ги користи во етно ресторанот „Куќа на Мијаците“, кој е оддалечен околу 500 метри од сместувањето.

При хостелското сместување во зависност од исполнетоста на сместувачкиот објект, постои можност хостелската соба да ја делите со други лица.

Сместувачкиот објект обезбедува креветчиња за бебиња во зависност од просторијата што ќе ја изберете. За истиве не се наплаќа.

Дополнителни услуги и додатоци не се пресметани во понудените цени и истиве се доплаќаат одделно за време на вашиот престој.

Сместувањето има паркинг простор и има Wi-Fi. Максималниот капацитет е за 40 лица.

Околината е мирна и тивка.

Check in: Флексибилно (со претходен договор)
Check out: 11:00 часот

Клучот се подига на рецепција.

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои три дена.

Сместувањето дозоволува влез на домашни миленици доколку гостите соодветно се грижат за миленичето и носат кутија со легло за него.

Сместувањето има просторија во самиот конак каде се чуваат велосипедите на безбеднои дополнителниот багаж на гостите.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Dusko Hristov

    08.06.2022 00:50

    PREMNOGU vi blagodaram za dostavenata informacija. Jas sum prijatel na otec Pratenie, i se grizam zaedno so moite prijatel za ispravnosta na vodata za pienje, ne samo vo Bigorski tuku i vo Rajcica, vo Kicevo, vo NEREZI. MOITE uslugi se besplatni. Pozdrav