СУПЕР ДОМАЌИН

Кораб Трница

Mavrovo
Цена од:

4,800.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за двајца од ноќевање од 4.800 денари
  • Цените се истакнати во описот
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Бесплатни велосипеди
  • Бесплатна риболовна опрема

Не е вклучено во цена:

  • Доручек, ручек или вечера
  • Транспорт до сместувачкиот капацитет (може со доплата)

Можете да извршите резервација во Комплексот Кораб Трница со испраќање на барање за резервација, по барањето ќе добиете одговор со вкупна цена. По одговорот можете да потврдите резервација. Пракикувајте резервации по мејл, така е најсигурно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 55
Кревети : 55
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Гастрономско
Pet Friendly

Сместувачки капацитети
Сместувачките капацитети се распоредени во два објекти и вклучуваат:

  • Бунгалов / Делукс бунгалов

  • Апартман (капацитет до 4 лица)

  • ВИП апартман (капацитет до 4 лица)

  • Двокреветна делукс соба

Располага со: 2 спални соби со брачни кревети, 5 единечни кревети, пространа дневна соба со софа и трпезарија.
Собите во хотелот и планинската куќа се опремени со ТВ, а хотелските соби дополнително располагаат со мини-фрижидер.

Достапни се Wi-Fi интернет и бесплатен приватен паркинг.
Максималниот капацитет на комплексот изнесува до 55 гости, во зависност од распоредот по соби и апартмани.

Локација и природа
Комплексот е опкружен со импресивни планински пејзажи и погледи кон Бистра, Кораб и Шара. Во рамките на комплексот има пешачки патеки, а во близина се наоѓа кањонот на реката Радика. Локацијата е идеална за љубители на природата и планинарите кои сакаат да го искачат врвот Кораб.

Мавровско Езеро – 5 км
Манастир Св. Јован Бигорски – 18 км
Дуфски Водопад – 20 км

Комплексот се наоѓа во тивка и мирна област, во селото Трница, на патот кон Дебар. Совршено место за релаксација, но и за авантуристички активности како јавање коњи, планинарење и велосипедизам.

Содржини и услуги
Комплексот располага со сместувачки единици, ресторан, рецепција, сала за деловни состаноци, лоби и сопствена продавница со млечни и месни производи, слатко, мед и вино. За најмладите има детско игралиште и детски велосипеди.

Гостите можат бесплатно да користат велосипеди и риболовна опрема.

Располага и со сопствени коњи со организирани тури за почетници.

Ресторан Кораб Трница
Во рамки на комплексот се наоѓа целосно реставрираниот ресторан од 1974 година, кој го задржал својот автентичен изглед. Изградени се летни тераси со рибник со речна пастрмка и фонтани, а ентериерот со дрвени столбови, камин и мермер создава уникатна атмосфера.

Во ресторанот се служи традиционална македонска кујна. Најпознат е качамакот подготвен по стар рецепт, кој се служи со овчо кисело млеко, „кораб кашкавал“ или „трничко сирење“. Дополнително се нудат традиционални рекански пити, јагнешко, јарешко, телешко, пилешко месо, риба и многу други специјалитети.

Корисни информации
Check-in: по 14:00 часот
Check-out: до 11:00 часот

Персоналот секогаш е на располагање за сите потреби на гостите. За престои подолги од 7 дена, постелнината и пешкирите се менуваат. Сместувањето дозволува домашни миленици и обезбедува безбеден простор за велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Irena Mladenovik

    01.01.2025 17:51

    Me interesira dali imate sloboden termin od 17.01 do 20.01, za dvajca vozrasni I edno dete 10 God., kolku e cenata... blagodaram I srekjni praznici

  • Simona Georgievska

    15.01.2024 20:05

    Zdravo,sakam da prasam dali ima sloboden bungalov za 2 osobi? So domasno milenice kuce? Za 20ti januari? Edno nokevanje?

  • Aleksandra Bozinovska Vanevska

    17.12.2023 23:07

    Zdravo, Dali ima slobodno smestuvanje za 30,31 Dekemvri ?Vkupno za 7 lica, 4 vozrasni 2 deca 11 I 5 godini I bebe. Vi blagodaram