Хотел Маврово Фершпед: Маврово, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Маврово Фершпед: Маврово, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотелот Маврово Фершпед се наоѓа во Маврово. Одличен избор за љубителите на зимските спортови, бидејќи нуди директен пристап до ски-патеките и се наоѓа веднаш до ски-лифтот.
Хотелот располага со двокреветна, трокреветна соба и апартман. Собите се модерно уредени, со поглед кон планината. Во собите има ТВ со рамен екран и достапни ТВ канали, телефон, биро, плакар. Секоја соба располага со сопствена бања со туш, бесплатни тоалетни производи и фен.
Во склоп на хотелот, гостите можат да уживаат во ресторанот и барот.
Дополнителните погодности кои хотелот ги обезбедува се: бесплатен Wi-Fi, ски-соба за багаж, услуга за изнајмување ски-опрема, банкомат и продавница за сувенири.
Хотел Фершпед има сауна која може да ја користат гостите на хотелот.
Нема обезбеден приватен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Check-in: 14:00-00:00
Check-out: 11:30
Хотелот Маврово Фершпед, со својата совршена локација, нуди лесен пристап до бројни активности и атракции, било да сте љубител на зимски спортови, планинарење или културни знаменитости.
ЛОКАЦИЈА