Апартман во Маврово со поглед на Мавровско Езеро
3,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената е за наем на апартманот за едно ноќевање 3.500 денари
- Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартман во Маврово со поглед на Мавровско Езеро. Mожете да резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Двособен апартман со балкон и приватен паркинг во близина на ски центар
Апартманот е идеален за семејства, парови или помали групи кои бараат удобен престој во близина на ски центарот и жичарницата.
Распоред и капацитет
Апартманот располага со:
- Спална соба со брачен кревет, ТВ и плакар
- Дневна соба со петосед на развлекување и 2 фотељи
- Целосно опремена кујна
- 1 тоалет
- Простран балкон
Вкупната површина изнесува 44м² + 13м² балкон.
Максималниот капацитет е до 4 гости.
Опременост
- Wi-Fi интернет
- ТВ
- Целосно опремена кујна
- Бесплатен приватен паркинг во склоп на комплексот
- Голем лифт погоден за транспорт на велосипед
- Можност велосипедите да се остават на балконот
Локација
Апартманот се наоѓа во близина на ски центарот и жичарницата, што го прави одличен избор за зимски одмор, активен туризам и планински престој.
Check-in / Check-out
-
Check-in: од 14:00 часот
(Флексибилно доколку нема други резервации) - Check-out: до 11:00 часот
Клучот се подига од лица задолжени за пречек и испраќање на гостите.
Постелнината и пешкирите се менуваат во зависност од должината на престојот. За престој подолг од 7 дена се врши промена на постелнината и пешкирите.
Важно
- Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.
- Во објектот има лифт со доволно простор за велосипед.
Правила за престој
Со самото резервирање и престој, гостите се согласуваат со сите правила наведени подолу.
Пријавување и идентификација
- Пријавување: после 14:00 часот
- Одјавување: до 10:00 часот
Гостите се должни да достават валиден документ за идентификација (лична карта или пасош) најдоцна 1 ден пред пристигнувањето, согласно локалните закони и безбедносни протоколи.
Недоставување на документите може да резултира со откажување на резервацијата без поврат на средства.
Дозволено
- Преноќување само на гости наведени во резервацијата
- Мирно и одговорно користење на просторот
- Пушење само во надворешен простор определен за тоа
- Домашни миленици само со претходно одобрение
Забрането
- Нерегистрирани гости и посети
- Забави, настани и гласни собирања
- Нелегални активности
-
Пушење во внатрешниот простор
(се наплатува дополнителен надомест за чистење од 2.000 денари) - Преместување мебел и декорации
- Менување или попречување на безбедносна опрема
Одговорност за штета
Гостите се целосно одговорни за секоја предизвикана штета или недостиг на предмети.
Во случај на оштетување или губење, се наплатува:
- Перница – 1.200 денари
- Ќебе/јорган – 1.800 денари
- Голем пешкир – 1.000 денари
- Мал пешкир – 600 денари
- Комплет чаршафи – 2.500 денари
- Изгубен клуч или уред за пристап – 3.000 денари
Секоја штета треба да се пријави во рок од 2 часа по check-in.
Сопственикот има право на увид и пријава на штета до 6 часа по одјавување на гостите.
Лични предмети
Гостите сами се одговорни за своите лични работи и вредни предмети.
Сопственикот не сноси одговорност за изгубени, оштетени или украдени предмети во апартманот, паркингот или околината.
Чистота и одржување
- Ве молиме одржувајте ред и чистота
- Не оставајте храна надвор
- Користете ги уредите согласно нивната намена
Дополнителни информации
- Почитувајте ги соседите и куќниот ред
- Поплаки за бучава може да резултираат со прекин на престојот без поврат на средства
- Сопственикот го задржува правото на влез во итни или безбедносни ситуации со претходна најава
- Кршењето на правилата може да резултира со дополнителни трошоци или прекин на резервацијата
- Сопственикот не одговара за заборавени предмети по одјавување
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Тони Крстановски
08.09.2025 10:46
Прекрасно, се беше според договореното, апартманот беспрекорно чист со најубавата тераса.
-
ИВАНА СОКОЛОВСКА
15.08.2025 23:11
-
Lidija Gjoneska
29.04.2025 22:50
Pocituvani,kolku e cenata za 5 cleno semejstvo,za termin od 01.do 04.05 t.e za 3 nokjevanja?
-
Катерина Петреска Михајлова
31.12.2024 11:19
Zdravo, dali imate slobodno smestuvanje od 2 januari, za 2 nokji, 2 vozrasni i 2 deca
-
Igor Meshev
11.10.2024 17:24
Zdravo Dali imate sloboden apartman za Edna nokj ovaa sabota?
-
Viktorija Miteva
07.10.2024 22:39
Koja vi e cenata za 4 osobi sabota da dojdeme nedela da si odime samo za edna nok
-
Irina Delovski
21.09.2024 15:26
Zdravo sakam da ve prasam dali imate slobodno od 10.10 do 13.10 za 2ca vozrasni i dve deca ? I kola vi e cenata . Blagodaram
-
Nikica Spasovski
31.07.2024 22:59
Здраво, дали е слободен термин за две ноќевања од 02.08 ? Поздрав, Никица 075211727
-
Aleksandra Popovska
31.01.2024 21:33
Cena za maz i zena so bebe i 7 godisno dete samo za edna nokj 3 ti februari
-
Hristina Zivkovik
28.12.2023 12:49
Dali ima sloboden apartman za 30 i 31 eden par so 3 decinja i uste eden apartman za eden par bez deca i koja e cenata
-
Jovan Cvetkovic
21.05.2023 21:37
Mnogu ubav i udoben apartman so prekrasen pogled kon planinite i ezeroto.
-
Моника Блажеска
27.01.2023 16:56
Прекрасен апартман на преубаво место. Презадоволни сме од се ♥️
-
Анастасија Богоева
23.01.2023 10:48
Апартманов топло ви го препорачувам, преубаво место со уште поубав поглед.