Магична дрвена планинска викендичка во Нижеполе
4,059.00 ден
Included in price:
- Цена за наем на цела викендичка за едно ноќевање. За викенди викендицата се изнајмува на минимум 2 ноќевања
- Викендичката се изјамува на едно ноќевање од понеделник до четврток
- Цената е фиксна без разлика дали се 2 или 4 лица
- Цена за наем на викендичката за еднодневен настан (без ноќевање) е 6,765 денари за до 20 лица (за 8 часа)
- Греење
- Паркинг
- TV/Wi-Fi
Not included in price:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Планинска викендичка Нижеполе. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Викендичката е
изработена и изградена од квалитетно дрво и квалитетни материјали. Станува збор
за состема нов објект изграден во 2023-та година. До самата викендичка има
асфалтиран пат, а истат асе наоѓа на 1250 метри надморска височина.
Викендичката има
дневна соба, целосно опремена кујна, трпезарија, две спални соби со по еден брачен
кревет, едно купатило, ходник и балкони со поглед кон Пелистер и Бабин заб. На
терасите има маса со столчиња.
Викендицата има Wi-Fi.
Викендицата има
приватен паркинг за 15 возила.
Максималниот капацитет
е за: 4 возрасни лица, а може
максимум уште две мали деца да се сместат, од кои едното би можело да спие во
дневниот престој на кревет кој не се развлекува.
Викендицата нема никакво соседство во близина. Пространо дворче, прекрасна опција за одмор и релаксација.
Вилата е на 1.5 киломери од Ски центарот Нижеполе, на 7 километри од најблискиот комплекс ресторани со прекрасна храна и на 14 километри од центарот на Битола.
Во околината нема
соседство.
Check in: 14:00 часот
Check out: 11:00 часот
Клучот се подига
од одговорно лице за викендицата.
Доколку гостите
останат подолго од 7 дена се врши промена на пешкири и постелнина.
Во викендицата е
строго забрането пушење.
Викендицата се
изнајмува на минимум 2 ноќевања.
Сместувањето
засега не дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има
простор за остава на велосипеди.
Вкупен број на
кревети: 2 брачни кревети.
Греење/Ладење: Греењето е на камин на дрво кое е поврзано со парно
низ цела викендица.
ЛОКАЦИЈА
Comments
-
Ivan cvetkovski
06.10.2024 13:24
Super nezaboravno dezivuvanje vo podinite na naj ubavata planina i drvena kukicka,vi preporacuvam da ha posetite site ljubiteli na prirodata i ekologijata.ivan od skopje