Хотел Капри: Битола
2,450.00 ден
Вклучено во цена:
- Минимална цена за едно ноќевање за 2 лица
- Цените се изразени во описот и варираат во зависност од периодот
- Појадок
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Хотел во Битола. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Хотел и ресторан КАПРИ *** e категоризиран со 3 ѕвезди, се
наоѓа во одличен мирен дел на периферијата на град Битола, помеѓу патот од Охрид и патот кој води кон
Пелистер.
Располага со вкупно 20 сместувачки единици од кои:
12 двокреветни со одвоени кревети
1 двокреветна соба со брачен кревет
1 двокреветна со одвоени кревети и плус дополнителен кревет кој може да се
прилагоди и за 2 лица како спална
1 соба со брачен кревет плус еден
единечен кревет
2 студија со по 3 одвоени кревети плус
дополнителен кревет кој може да се прилагоди и за 2 лица како спална
3 студија со брачен кревет плус дополнителен кревет кој може да се прилагоди и
за 2 лица како спална
Сите соби се опремени со ТВ, Wi-Fi, биро со столица или
табуретка, наткасни, шкавче со полици, фен за кога, фрижидерче,
телефон. Во студијата има плус кауч или
гарнитура, мали масички за дневно
користење. Во некои од собите има и мала
масичка и фотељи. Купатилата се обезбедени со средсвта за хигиена (гел за бањање, течен сапун и чепкалки за
уши) и пешкири (крпи) за лице и нозе.
Wi-Fi има во целиот објект и можат да го користат бесплатно
гостите. Хотелот располага со приватен паркинг за 80 возила кој е бесплатен.
Максималниот капацитет на хотелот е 45 лица, банкет сала во
нормали услови за 300 гости, 2 единици во ресторанот со капацитет од 100 гости (60
гости едната единица и 40 гости другата единица)
Хотелот се наоѓа во подножјето на Баба планина, на 5 км од
ски центарот Ниже Поле, на 9 км од Пелистер, на 3 км од ценатарот на
градот, градскиот Саат и старата
чаршија, на 3 км од градското шеталиште, на 4 км од Хераклеа.
Блиската околина е тивка,
бидејќи е надвор од градскиот метеж, а погледот од собите од едната страна е кон Пелистер, а од другата страна кон градот и помалите околни ридови.
Во соседството има голем маркет, банзиска пумпа, салони за
мебел, странска осигурителна компанија, салон за коли, позната црква Св.
Архангел Гаврил...
CHECK IN: По 13:00 часот
CHECK OUT: Најдоцна до 12:00 часот.
Одржувањето на собите е секојдневно во смисла на
отстранување на отпадокот од собите, менување пешкири (крпи) по потреба и дополнителни интервенции. Менувањето на постелините се врши по секои
3 вечери од престојот.
За миленици потрeбно е да се добие согласност за даден термин, но генерално се прифаќаат миленици доколку сопствениците имаат обезбедено легло за миленичето.
Простор за велосипеди има во делот на службениот влез на
хотелот.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Наташа Попова
18.08.2022 22:12
Почитувани, дали има слободна двокреветна соба за 20,21 и 22 август? Поздрав, Наташа
-
Zoran Djukić - Beograd
28.04.2022 12:54
Poštovani, Interesuje me cena po osobi za vaš hotel. Za 9 osoba ukupno. Period 22/23.07 i 23/24.07.2022 god. I kažite mi gde se hotel nalazi, pošto nisam mogao da vidim. Unapred zahvalan Zoran Djukić - Beograd