Негорски Бањи
2,370.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за полн пансион по лице од ноќ
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Пакинг
- Спа
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Негорски бањи можете да ги резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Комплексот се наоѓа на далечина од 3км од Гевгелија, на надморска височина од 50 метри. Лоциран е во многу специфична средина, во подножјето на планината Кожуф, помеѓу богата и ретка јасенова шума, која формира природен парк. Јасеновата шума зафаќа површина од 22 хектари околу комплексот.
Негорски Бањи располага со 3 хотели (Божур,
Кала и Јасен) кои имаат вкупен капацитет од околу 280 легла. Поголем дел од
собите се двокреветни со поединечни кревети. Имаме и трокреветни соби, соби со
брачни кревети и апартмани.
Собите се опремени со телевизор, интернет
пристап, телефон, фрижидер, тераса, купатило, систем за ладење и греење. Во
хотелите Кала и Божур собите се плус опремени со биро и термален бокал.
Во склоп на Негорски Бањи има два ресторани.
Пансионскиот е наменет за послужување на гостите кои заедно со сместувањето им
се вклучени додатни оброци. А ла карт ресторанот е наменет за сите гости без
разлика дали се или не се сместени во нашите хотели.
Објектите имаат wi-fi. И има обезбедено паркинг
не подалеку од 10-50 метри од хотелите во зависност од зафатеноста.
Максималниот капацитет е околу 280 легла.
Во околината има јасенова шума со патеки за
пешачење и трчање. Исто така има и фудбалски терен. Најблиски населени места се
село Негорци на 1 километар и Гевгелија на 3 километри.
Најмногу гости привлекува: Природата, зеленилото, пешачки патеки, патеки за трчање, фудбалски терен, а ла карт ресторан, финска и инфра ред сауна, џакузи на отворено, повеќе видови на масажи.Комплексот е лоциран е во многу специфична средина, во подножјето на планината Кожуф, помеѓу богата и ретка јасенова шума, која формира природен парк. Јасеновата шума зафаќа површина од 22 хектари околу комплексот.
- CHECK IN: Пријавување може да се направи од 14 часот. Постои можност и за порано пријавување доколку зафатеноста на собите го овозможува.
- CHECK OUT: Одјавувањето треба да се направи до 10 часот. Постои можност и за покасно одјавување доколку зафатеноста на собите го овозможува.
Клучот од сместувањето се подига од рецепција
која работи 24/7.
Послелнината се менува често. Цените варираат во зависност од типот на собата и хотелот.
Сместувањето дозволува влез на домашно милениче.
Треба да се потпише изјава за миленичиња и се наплаќа 600 денари на ден за едно
милениче.
Сместувањето има обезбедено простор за остава
на велосипеди.
ЛОКАЦИЈА