Vanilla Boutique Hotel

Skopje
Цена од:

1,783.00 ден

Вклучено во цена:

  • Стандардна цела од ноќевање
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Паркинг
  • ТВ
  • Wi-Fi
  • Бесконтактно најавување
  • Бесконтактно одјавување

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна (Со можност за доплата)

Хотелот има ултра брз интеренет од Телеком. Хотелот обезбедува паркинг на самата улица. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 26
Кревети : 26
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Vanilla Boutique Hotel се наоѓа на мирна улица во близина на Државна болница, Елисије Поповски Марко.

Хотелот располага со 8 хотелски соби и 2 еднособни апартмани. Во сите 8 соби има брачен кревет. Во две од собител има и дополнителен кревет за 1 лице.

Хотелот наскоро ќе ги отвори и апартмените во кои има брачни кревети во спалните соби и софа за 2 лица во дневните соби.

 Собите се уникатно дизајнирани и сите се разликуваат една од друга по различни украси и бои, но генерално тие се минималистички уредени со отворени плакари, голема и прегледна работна маса, фрижидерче, инвертер климауред, 50’ телевизор, огледала, брачен кревет, табуретка, столче и тераса.

Хотелот има ултра брз интеренет од Телеком. Хотелот обезбедува паркинг на самата улица.

Капацитетот на хотелот во моментот е за 18 лица, со отварањето на апартманите ќе биде наменет за 26 лица.

Хотелот се наоѓа во непосредна близина на Водно. Одлична локација за пешачење и на само 10 минути пеш од пешачките патеки за качување на Водно што го прави извонреден за домашни и странски гости. Хотелот се наоѓа во непосредна близина на трговските Зебра, Беверли Хилс и Рамстор,.

Оддалчен е 15 минути пеш од плоштадот, ГТЦ, Градски Парк, Рестораните во Дебар Маало.

Гостите можат да се сместат во апартманите 24/7 поради бесконтактниот check-in којшто го користи хотелот.

Влегувањето е по 13:00 часот на денот од кога започнува резервацијата
Одјавувањето е пред: 11:00 часот  но доколку собата не е резервирана, одјавувањето може да биде и подoцна.

Клучевите се заменети со еднократни кодови. Секој гостин добива еднократен код за да си ја отвори вратата од објектот и собата, а внатре го пречекува картичка којашто натаму ја користи како клуч за вратите во објектот и за вклучување на струјата во апартманот.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување